Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета


Не е направена никаква штета, мејловите што излегоа во некои портали се стари. Се работи за дата база која била користена пред седум-осум години, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по пишувањата во дел од порталите дека бил хакиран системот на Министерството за економија и земени податоци за мејлови и пасворди од вработени.

– Повеќето од овие вработени, веќе не работат во Министерството за економија. Се работи за стара дата база, која била користена пред седум-осум години. Оттогаш дата базата е обновена и нејзината сигурност е перфектна, рече Бектеши.