Починаа уште 26 пациенти, најмладите се на возраст од 30 и 35 години


Во последните 24 часа се направени 3.114 тестирања, а регистрирани се 1.161 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 410 -Куманово 54 -Дебар 19 -Штип 54 -Прилеп 59 -Тетово 58 -Струга 25 -Велес 55 -Битола 75 -Охрид 51 -Кавадарци 55 -Гостивар 38 -Гевгелија 38 -Струмица 27 -Крива Паланка 10 -Радовиш 14 -Крушево 1 -Кочани 28 -Пробиштип […]

Во Албанија 802 новозарaзени,12 починати и 527 оздравени


Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 802 случаи со Ковид -19, што е една од највиските бројки на новозарзени на дневно ниво. -Новозаразените се од направените 2.604 тестови што е околу 32 отсто од тестираните,при што Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста каде се 310 од новодијагностицираните. Во исто време во […]

Први фотографии од паднатиот авион на Козара, најдени телата на жртвите


  Двата члена на посадата загинаа при падот на спортскиот авион „Пајпер 28“ кој вчера се изгуби од радарот на подрачјето на Козара во БиХ. Кликс ги објави првите фотографии од местото на несреќата. Авионот е пронајден во селото Суботиќи, а случајот е предаден на државното обвинителство. Во авионот беа една жена со романско државјанство, […]

Во Грција 102 лица починаа од Ковид-19, а регистрирани се 1.395 нови случаи


Изминатата седмица, конечно имаше стабилизирање на најтешките индикатори на пандемијата, односно на нови пациенти приклучени на апарати на дневно ниво и на смртните случаи во земјата, рече професорката епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција, Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за состојбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА […]

Во 75 општини ќе се спроведат 99 проекти со пренаменетите пари за изградба на карго аеродром


На седница на Владата денеска е донесена одлука со која е одобрена предлог листа на 99 проекти во 75 општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип. -Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за […]

Дополнителни 8 милиони евра за поддршка во справувањето со последиците од корона кризата


Го дополнивме Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата. На денешната редовна 28 седница на Владата донесовме одлука дополнителниот сет мерки да изнесува 488.803.928 денари, односно околу осум милиони евра, соопшти попладнево на својот фејсбук-продил премиерот Зоран Заев. Со овој најнов КОВИД пакет, како што информира тој, се опфатени естрадните уметници […]

Макстил: Работиме според имплементирана А дозвола која го пропишува нивото на бучава


Изминатиот ден беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИЖС за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД. Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените […]

Нема повеќе да се снима серијата „Луд, збунет, нормален“


Култната хумористична серија „Луд, збунет, нормален“, повеќе нема да се снима, откако почина еден од главните актери Мустафа Надаревиќ. Веста за Кликс ја потврди сценаристот Феџа Исовиќ. „Официјално е, по смртта на Мустафа Надаревиќ нема да се снимаат нови епизоди од серијата „Луд, збунет, нормален“, вели тој. Главата на семејството на Изет Фазиловиќ ја тумачеше […]

Нови 13 починати и 590 заболени од Ковид-19 во Косово последните 24 часа


Косово – Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови 13 смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 590 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во Косово вирусот е откриен кај вкупно 45.594 лица, од кои […]

Кој сака да пие, мора да се тестира: Во Ирска се отвора прв корона-фри паб


  Еден бар на западот на Ирска најави отворање на прв паб без корона во земјата, а во кој посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат. Во пабот „Алијанс“ во Огамор, на два и пол часа возење од Даблин, посетителите мора прво да причекаат за резултатите од тестот во одредена просторија, пренесе […]

МОН: Матура мора да има, не смееме да правиме компромис со квалитетот на образованието


Образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Државна матура треба да има затоа што со неа се заокружува стекнатото знаење и она што е многу важно ги насочува учениците во понатамошниот образовен процес, соопшти Министерството за образование и наука во врска со […]

Ќучук: Скопје и Софија да се вратат на темелите на Договорот за добрососедство


Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на „заедничкото“, а не да чекаат да дојде март, смета европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за Северна Македонија, Илхан Ќучук. – За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство. […]

Антиизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во Штип за време на молкот


ШТИП – Станбени објекти, поштенски сандачиња, маалски и семејни дворови, јавни простори синоќа и изутринава го преплавија Градот под Исарот со антиизборни, пропагандни материјали на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Во сите нив опозициската партија која не се охрабри за изборно соочување на предвремените избори за градоначалник на Штип кои ќе се одржат в недела, на […]

Шаленберг: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да биде на агендата на португалското претседателство


Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска во Лисабон изрази жалење поради тоа што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ. Во разговор со неговиот домаќин, шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, Шаленберг се заложи проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да биде […]

Наместо за година ипол, резултатите од пописот во 2021 ќе бидат познати за шест месеци


Подготовките за пописот почнаа одамна, бидејќи попис не се подготвува за месец, два, или година дена, туку подолг временски период. Веќе долго време се подготвуваме, соопшти денеска Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика на панел дискусијата „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, во организација на ЦИВИЛ. Тој се надева дека законот за попис ќе […]

Лени Клум порасна, позираше за „Вог“


САД- Ќерката на Хајди Клум тргна по стапките на својата мајка, супермоделот Хајди Клум (47). Лени (16) заедно мајка си сними моден едиторијал за „Vogue“ Германија. Лени е дете на Хајди од врската со шефот на Формула 1 Флавио Бријаторе, а потоа беше посвоена од вториот сопруг на Клум, музичарот Сил. Моментално, Хајди е во […]

Тутунарите ги прекинуваат протестите, откупот на тутунот продолжува


Сите откупни пунктови да продолжат со откупот и сите останати да се отворат согласно законскиот рок 15. декември – ова е резултатот од работниот состанок на министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ со Сојузот на тутунарски здруженија, Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и претставници на откупните компании. Постигнат […]

Лажна вест ја крена Битола на нозе


Една битолчанка на Фејсбук напиша дека се празнел цел спрат од болницата за да се лекува градоначалничката која е позитивна на корона. Потоа ѝ се извини на јавноста и посебно на градоначалничката Петровска затоа што била „понесена од лажните информации“   БИТОЛА – Лажна вест напишана од битолчанка на една од групите на Фејсбук предизвика […]

Средношколците на протест пред МОН бараат да биде укината матурата


Во моментот пред зградата на Министерството за образовани и наука протестираат средношколците, кои воедно најавија и бојкот на наставата во училиштата. Протести организираат и средношколците од другите градови во државава. Средношколците бараат да биде укината државната матура или како што велат да го направат само проектот, што како задача им се бара во рамки на […]

Општините треба да ја подобрат наплатата на приходите, порачува Бесими


Потребно е подобрување на наплатата на приходи од страна на општините, јакнење на капацитетите на општините за подобро планирање, фискална консолидација, но и поголема транспарентност и отчетност на трошењето на парите. Ова се главните заклучоци од денешната конференција на УНДП на тема „По ковид-19: Градиме отпорни локални самоуправи“, а на која учествуваше министерот за финансии, […]