Нема повеќе да се снима серијата „Луд, збунет, нормален“


Култната хумористична серија „Луд, збунет, нормален“, повеќе нема да се снима, откако почина еден од главните актери Мустафа Надаревиќ.

Веста за Кликс ја потврди сценаристот Феџа Исовиќ.

„Официјално е, по смртта на Мустафа Надаревиќ нема да се снимаат нови епизоди од серијата „Луд, збунет, нормален“, вели тој.

Главата на семејството на Изет Фазиловиќ ја тумачеше токму легендарниот Надаревиќ, кој на 22 ноември ја изгуби битката со рак на белите дробови на возраст од 78 години. Веста за негата смрт го потресе актерскиот свет, особено во земјите од поранешна Југославнија, но и многумина кои ги имаа гледано неговите филмови, серии и претстави.

Серијата „Луд, збунет, нормален“ со години ја смееше публиката пред малите екрани.