Први фотографии од паднатиот авион на Козара, најдени телата на жртвите


 

Двата члена на посадата загинаа при падот на спортскиот авион „Пајпер 28“ кој вчера се изгуби од радарот на подрачјето на Козара во БиХ.

Кликс ги објави првите фотографии од местото на несреќата.

Авионот е пронајден во селото Суботиќи, а случајот е предаден на државното обвинителство.

Во авионот беа една жена со романско државјанство, инаку мајка на две деца и еден маж од Србија.

Едното тело е најдено во авионот, а другото покрај него.

Авионот исчезна од радарот вчера во 14 часот, а вчера до полноќ се трагаше по него. Денеска потрагата беше продолжена денеска во 8 часот.