Во Албанија 802 новозарaзени,12 починати и 527 оздравени


Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 802 случаи со Ковид -19, што е една од највиските бројки на новозарзени на дневно ниво.

-Новозаразените се од направените 2.604 тестови што е околу 32 отсто од тестираните,при што Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста каде се 310 од новодијагностицираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 527, доддека починаа 12 пациенти, на возраст од 51 до 83 години, информираше Министертвото за здравство.

Во четрите ковид болници хоспитализирани се 451 пациент, 37 се на интензивна терапија а 12 се интубирани.

Од почетокот на пандемијата направени се 216.441 тестови,позитивни биле 46.863 лица,оздравеле 24.136, починале 977, додека активни на болеста се 21.750 лица.

Во меѓувреме министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, при посетата на регионалната болница во Драч, изјави дека брзите тестови, кои почнаа да се применуваат во понеделникот во Тирана, денеска се дистрибуирани во сите единици за јавно здравје во земјата.

Најави дека брзите тестови од 20 овој месец ќе бидат достапни и во сите здравствени установи во земјата и оти се прават напори вакцинацијата против коронавирусот да почне најдоцна во февруари.