Шаленберг: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да биде на агендата на португалското претседателство


Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска во Лисабон изрази жалење поради тоа што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ.

Во разговор со неговиот домаќин, шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, Шаленберг се заложи проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да биде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ, во првата половина на следната година.

Шалленберг изјави дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава, но нагласи дека сепак на одлагањето на процесот на проширување на Унијата свое влијание имала и пандемијата на корона вирусот.