Кој сака да пие, мора да се тестира: Во Ирска се отвора прв корона-фри паб

 

Еден бар на западот на Ирска најави отворање на прв паб без корона во земјата, а во кој посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.

Во пабот „Алијанс“ во Огамор, на два и пол часа возење од Даблин, посетителите мора прво да причекаат за резултатите од тестот во одредена просторија, пренесе „Ајриш Мирор“.

Сопственикот на пабот, ДОнал Бирн на Фејсбук објави дека влезот ќе му биде дозволен само на редовните посетители и само ако се негативни на корона, но додава дека ќе може да пијат и додека ги чекаат резултатите од тестирањето.

Посетителите ги сносат трошоците за тестирањето кое чини 10 евра и може да се тестираат меѓу 17 и 19 часот.

„Трошоците за тестирањето се поголеми од тоа, но „Алијанс“ со задоволство ќе ја плати разликата за да бидеме сигурни дека нашите вработени и гостите се безбедни из драви“, напиша Бирн на Фејсбук.

Според правилата што во моментот се на сила во Ирска, на пабовите каде не се служи храна не им е дозволена работа, а „Алијанс“ не е меѓу нив.

Бирн вели дека ниту служи, ниту планира да служи храна.

„Не служам храна. Како што знаеме, храната не го сопира Ковид-19“, вели тој.