Ќе биде хаос во Пентагон – Трамп повторно смени високи функционери


  Претседателот на САД Доналд Трамп по министерот за одбрана смени уште четворица високи функционери во истото министерство. Место нив постави свои луѓе, односно оние кои му се лојални, пренесе Си-ен-ен. Трамп во понеделникот прво го смени Марк Еспер, министер за одбрана, а на негово место го постави досегашниот директор на Националниот центар за борба …

Ќе биде хаос во Пентагон – Трамп повторно смени високи функционери Read More »

Шведско затворање, по првпат во пандемијата – нема продажба на алкохол по 22 часот


По првпат од почетокот на пандемијата, Шведска воведе делумно „затворање“, во рамки на што е забрането баровите и рестораните да продаваат алкохол по 22 часот, пренесува Блумберг. Новите ограничувања ќе се применуваат низ целата земја од 20 ноември, а тоа значи дека сите установи со лиценца за послужување алкохол мора да се затворат во 22:30 …

Шведско затворање, по првпат во пандемијата – нема продажба на алкохол по 22 часот Read More »

ФАЦ: Бугарите настанале со осмоза како „дар од Бога“


Во историските истражувања на Балканот има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ). Историјата на Балканот е моќ – оној кој ќе го отфрли ова клише, всушност му подлегнува на клишето. Весникот на овој начин ја отвора анализата за влијанието на …

ФАЦ: Бугарите настанале со осмоза како „дар од Бога“ Read More »

ОПЕК очекува бавно закрепнување на побарувачката на нафта во 2021


Закрепнувањето на глобалната побарувачка на нафта во 2021 година ќе биде побавно отколку што се сметаше порано поради растот на случаи на заразени со новиот корона вирус, што ги кочи напорите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК и нејзините сојузници) да го поддржат пазарот, соопшти денеска нафтениот картел. Побарувачката ќе се зголеми за …

ОПЕК очекува бавно закрепнување на побарувачката на нафта во 2021 Read More »

Истанбул ќе биде домаќин на ЕП во атлетика во сала во 2023 година


Истанбул ќе биде домаќин во 2023 година на атлетското Европско првенство во сала, објавено е на веб-страницата на Европската атлетска асоцијација. Тоа ќе биде првпат Турција да биде домаќин на Европско првенство во атлетика. Натпреварите ќе се одржат во салата Атакој, што беше направена за Светското првенство во сала во 2012 година. Следното Европско првенство …

Истанбул ќе биде домаќин на ЕП во атлетика во сала во 2023 година Read More »

Активно ќе ги поддржиме инвестициите за транзиција на Западен Балкан, ветува Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер


ЕИБ изрази поддршка за Економскиот и инвестицискиот план најавен од страна на Европската комисија насочен кон поврзување и одржлива зелена и дигитална транзиција кон интегриран регионален пазар   Како што беше најавено на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, одржан на 10 ноември, Европската инвестициона банка (ЕИБ) ги поздравува обврските преземени од …

Активно ќе ги поддржиме инвестициите за транзиција на Западен Балкан, ветува Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер Read More »

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 намина 50.000


Бројот на починати лица од последиците на корона вирусот во Велика Британија денеска надмина 50.000, откако се регистрирани 595 нови смртни случаи, покажуваат владините податоци. Ова е најголем дневен пораст на бројот на смртни случаи од 12 мај, кога се регистрирани 614 смртни случаи. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 50.365. …

Велика Британија: Бројот на починати од Ковид-19 намина 50.000 Read More »

(Фото/Видео) Трамп се појави во јавност – на дожд без чадор


  Претседателот на САД Доналд Трамп за прв пат по изборите се појави денеска во јавност. Тој, како што беше најавено, присуствуваше на церемонијата за одбележување на Денот на ветераните во придружба на сопругата Меланија Трамп потпретседателот Мајк Пенс. Трамп им оддаде почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон. Интонирана …

(Фото/Видео) Трамп се појави во јавност – на дожд без чадор Read More »

Нормализиран сообраќајот Дебар – Маврово кој беше прекинат поради одрон од карпа


Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово и обратно е нормализиран, соопшти вечерва АМСМ. Беше во прекин попладнево поради голем одрон од околу 200 кубни метри камен кој се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово. Одронот настана дваесетина минути по последниот земјотрес и е последица од серијата потреси …

Нормализиран сообраќајот Дебар – Маврово кој беше прекинат поради одрон од карпа Read More »

Велешката општа болница има доволно сместувачки капацитет за пациентитe со Ковид-19


Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА потврдуваат дека во моментов во болницата има доволно сместувачки кревети за прием на сите пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување. Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на …

Велешката општа болница има доволно сместувачки капацитет за пациентитe со Ковид-19 Read More »

Ѓорѓи Спасов издаде книга за раѓањето на мултипартизмот


Поранешниот политичар, министер, амбасадор и универзитетски професор, Ѓорѓи Спасов, денеска, точно на 30 години од првите парламентарни избори, ја објави својата најнова книга „Раѓањето на мултипартизмот“ – страници од македонската политичка историја. Спасов во неа на 250 страници го анализира потеклото на политичките партии во Македонија и промените во партискиот систем на земјава во изминатите …

Ѓорѓи Спасов издаде книга за раѓањето на мултипартизмот Read More »

Во Грција се воведува и полициски час, денеска повторно рекорден број починати


Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе пет дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција, попладнево соопшти дека дозволено ќе биде излегување поради …

Во Грција се воведува и полициски час, денеска повторно рекорден број починати Read More »

Трамп ја тужи државата Мичиген за да го спречи издавањето сертификат за победата на Бајден


Претседателската кампања на Доналд Трамп во средата го тужеше Мичиген за да ја блокира американската држава од сертифицирање на резултатите од изборите минатата недела, каде што претседателот е во големо заостанување зад Џо Бајден. Според жалбата поднесена до федералниот суд во западен Мичиген, многу луѓе поднеле потврди во кои се опишува наводно лошо однесување при …

Трамп ја тужи државата Мичиген за да го спречи издавањето сертификат за победата на Бајден Read More »

„Версаче“ отвори продавници во Дубаи и Москва. Не се плаши од Ковид-19


Италија– Луксузната модна  куќа со седиште во Милано „Версаче“ неодамна отвори две нови продавници во потрошувачките центри на висока мода, едната во Дубаи, а другата во Москва. Замислен од францускиот архитект Гвенаел Никола, основач на мултидисциплинарното креативно студио Curiosity со седиште во Токио, новата продавница на Версаче, се наоѓа на луксузната дестинација за шопинг Дубаи …

„Версаче“ отвори продавници во Дубаи и Москва. Не се плаши од Ковид-19 Read More »

Диане вон Фурстенберг е дизајнерска икона, Чака Кан е безвременска икона


САД-Диане вон Фурстенберг ќе ја добие наградата за дизајнерска икона на годинешните награди CinéFashion Film . Водителка на виртуелната церемонија, што обично се одржува во Лос Анџелес, ќе биде Кели Озборн и ќе се емитува во два дела на 24 и 25 ноември на Cinémoi, телевизиска мрежа што прикажува film и fashion. Други наградени се и Росарио Доусон и …

Диане вон Фурстенберг е дизајнерска икона, Чака Кан е безвременска икона Read More »

Џорџија ќе ги преброи гласовите, Бајден таму славеше во „мртва трка“


  Американската сојузна држава Џорџија најави дека ќе ги пребори гласовите од претседателските избори во кои Џо Бајден го победи Доналд Трамп. Изборите се одржаа пред осум дена, а Бајден во Џорџија славеше со 14.000 гласови предност (2.471.906 – 2.457.794). Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер рече дека глсовите ќе се пребројат откако адвокатите на …

Џорџија ќе ги преброи гласовите, Бајден таму славеше во „мртва трка“ Read More »

Заев: Moжната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како предност


Премиерот Зоран Заев вели дека легитимно право е на опозицијата како и со кого ќе коалицира, но најавената можна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса на Албанците и Алтерантива ја гледа како предност за СДСМ. – Немам коментар затоа што сум предводник на позицијата, односно владеачкото мнозинството, а од другата страна е опозицијата и нивно легитимно …

Заев: Moжната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како предност Read More »

Во Косово четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 137 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 777 од вкупно 26.121 лице кај кое …

Во Косово четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19 последните 24 часа Read More »

Одрон од карпа кај Долно Косоврасти, прекинат сообраќајот Дебар – Маврово


Серијата потреси во поширокиот дебарски регион во текот на денешниот ден ги разнишаа карпите. Попладнево,дваесетина минути по последниот потрес, голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин. Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на …

Одрон од карпа кај Долно Косоврасти, прекинат сообраќајот Дебар – Маврово Read More »

Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение


Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип  пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип. …

Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение Read More »