Диане вон Фурстенберг е дизајнерска икона, Чака Кан е безвременска икона


Diane von Furstenberg

САД-Диане вон Фурстенберг ќе ја добие наградата за дизајнерска икона на годинешните награди CinéFashion Film . Водителка на виртуелната церемонија, што обично се одржува во Лос Анџелес, ќе биде Кели Озборн и ќе се емитува во два дела на 24 и 25 ноември на Cinémoi, телевизиска мрежа што прикажува film и fashion.

Други наградени се и Росарио Доусон и Абрима Ервија, за нивниот моден бренд Studio One Eighty-Nine; легендата на поп-музиката Чака Кан која е наградена како безвременска икона и американско-индискиот рапер Раџа Кумари. Церемонијата ќе вклучува настапи на презентерите Дион Ворвик, Мери Вилсон, Ева и Меги Кју. Меѓу номинираните е и актерот Хенри Кавил за неговата рекламна кампања за наочари на Хуго Бос.

За модата на филмот, се номинирани „Transmotion“, краток филм за висока мода на холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен, како и на режисерот Виторио Бонафини, за неговата реклама за Роже Вивие „Shoes Shoes Shoes!“ Кинеската дизајнерка Гуо Пеи ( што ја облече Ријана во жолтата наметка за Мет гала) е исто така номинирана за „ Savannah “. Филмот ја истакнува нејзината колекција на висока мода за сезоната есен-зима 2020 година.