Роналд Клајн ќе биде шеф на кабинет на Белата куќа во мандатот на Џо Бајден


САД – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра долгогодишниот соработник Роналд Клајн за шеф на кабинет во Белата куќа во претстојната администрација, соопшти транзицискиот тим Бајден-Харис. -Рон беше непроценлив соработник низ годините во кои работевме заедно, вклучувајќи го и спасувањето на американската економија од еден од најголемите падови во нашата историја во текот на 2009 […]

Одлуката за мнозинството во американскиот Сенат ќе се знае дури во јануари


САД – Дури на почетокот на јанаури дефинитивно ќе биде познато дали републиканците или демократите ќе имаат мнозинство во американскиот Сенат. Републиканските кандидати вчера одбранија две места во Горниот дом на американскиот Конгрес, по едно во сојузните држави Алјаска и Северна Каролина, јавија американските медиуми. Секоја од 50-те сојузни американски држави има по двајца претставници во […]

Џонсон го нарече Трамп поранешен претседател


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „поранешен претседател“ додека одговараше на прашања од членовите на Парламентот. Пратеничката на британските лабуристи Анџела Игл го праша Џонсон дали има некој совет за неговиот „долгогодишен најдобар пријател“ во врска со одбивањето на Трамп да ги признае резултатите од изборите, на кои, според проекцијата на американските […]

Здравјето и инвестициите во фокусот на буџетот во 2021 година


Заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните на  работните места, на стопанството, кратење на неприоритетените трошоци и подобра реализација на капиталните расходи се целите на буџетот за 2021 година што Владата го усвои и го праќа во Собранието, а кој според предлагачот е проектиран на реално ниво. Очекувањата, што ги претставија на […]

Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор


„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор. -Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои […]

„И тело и душа“ – концерт на Филхармонијата со пијанистот Дино Имери


„И тело и душа“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата, на кој како солист ќе настапи пијанистот Дино Имери, а со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е Бетовеновиот Концерт за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур, меѓу најчесто изведуваните дела на светската музичката сцена. Создаден е меѓу 1809 и 1811 година […]

„Хипноза на една љубов“ – премиера на Драмски театар


Драмски театар-Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Хипноза на една љубов“ од  Душан Ковачевиќ, во режија на Димче Николовски. Се работи за најновиот текст на Ковачевиќ, досега изведен само во матичниот театар на авторот – „Театар Звездара“ од Белград. Како што соопшти Драмски театар, текстот „Хипноза на една љубов“ може да се нарече бајковно тажна, […]

Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска


Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, како што рече директорката на УЈП Сања Лукаревска, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот. -Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да […]

Куомо: Њујорк се „затвора“ во петок во 22 часот


САД – Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, откако нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата земја да бидат затворени во 22 часот, објави Си-Ен-Би-Си њуз. Новите мерки ќе стапат на сила во петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други земји во […]

Собранието ќе ја започне 21. пленарна седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 21. седница на која на дневен ред се повеќе од дваесет закони, од кои дел се поднесени од пратениците од власта и од опозицијата. Се очекува пред утврдување на дневниот ред, листата на точки да биде дополнета. Пратениците треба да се изјаснат за потребата за […]

Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст


Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика. Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика до крајот на годинава возрасната граница […]

Ќе има ли решение до 17 ноември – Скопје очекува интензивирање на разговорите со Софија


Двете страни имаат право и обврска да ги застапуваат сопствените позиции, да ги заштитат своите национални интереси и да ги оправдаат политиките, но имаат обврска и да се грижат за пријателството, како и да ја гарантираат европската иднина на регионот. Ние сакаме решение и добро е тоа да се постигне до 17 ноември. Веруваме дека […]

Нов дневен рекорд на заразени, активни 15957, хоспитализирани над 1000


Нов дневен рекорд од 1321 заразени со Ковид1 9 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15975, а хоспитализирани1049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42540. Оздравени се 25353 пациенти, а починале […]

Утрото магливо, а потоа сончево


Во земјава претпладне по котлините и долж Повардарието ќе има магла и ниска облачност. Од пладневните часови претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје, претпладне магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе […]

Две скопски општини имаат по повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Во Скопје има најмногу заболени од корона вирус 7.410, а денеска дури во две скопски општини има повеќе од 1.000 болни од Ковид-19. Така, Аеродорм има најмногу 1.161, а Гази Баба има 1.007. Следуваат Карпош со 987, Ценатр со 956 и Кисела Вода до 922. Н, мора да се напомене дека има и 150 нераспределени […]

Нови 1.321 заболени од Ковид-19, починаа 26 лица


Во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а регистрирани се 1.321 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 583 -Куманово 100 -Дебар 12 -Штип 40 -Прилеп 57 -Тетово 80 -Струга 13 -Велес 64 -Битола 50 -Охрид 31 -Кавадарци 23 -Гостивар 46 -Гевгелија 22 -Струмица 15 -Крива Паланка 9 -Радовиш 5 -Крушево 8 -Кочани 29 -Пробиштип […]

Турција забрани пушење на јавни места поради епидемијата на корона вирус


Турција денеска забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на корона вирусот, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, а Владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до рестриктивните мерки. Турското Министерство за внатрешни работи наведува дека забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено […]

Годишно плаќаме 150 милиони евра за камати, треба да го репрограмираме задолжувањето, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими најавува дека ќе се пристапи кон процес на репрограмирање на долг рок во услови на подобрена позиција на каманите стапки за задолжување, како и издавање еврообрзница во земјава, во која би инвестирале странски инвеститори. – Имаме повеќе начини за финансирање на дефицитот за наредната година. Еден е насочен со задолжување […]

УЈП ќе ги објавува фирмите што ја злоупотребиле помошта, ССК очекува поддршката да се реализира брзо


Проектираниот раст од 4,1 процент на БДП за 2021 е оптимистично и е логично што најголемиот дел од средствата во 2021 се планира да се наменат на социјална и здравствена заштита и за економијата, смета Данела  Арсовска, претседателка на Соујзот на стопански комори. По донесување на ребалансот на буџетот, според неа, неодложно треба да се […]

И бугарските социјалисти се на истата позиција како Каракачанов и Захариева


Нема никаква разлика меѓу позицииите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и главните играчи во владата на Бојко Борисов – министрите за одбрана и надворешни работи, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, во однос на блокадата на Македонија. Тоа го соопшти европратеникот од БСП, Петар Витанов, денеска за бугарската национална телевизија БНТ. Витанов, со оглед на изборите […]