Две скопски општини имаат по повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19

Фото: Б. Грданоски

Во Скопје има најмногу заболени од корона вирус 7.410, а денеска дури во две скопски општини има повеќе од 1.000 болни од Ковид-19.

Така, Аеродорм има најмногу 1.161, а Гази Баба има 1.007. Следуваат Карпош со 987, Ценатр со 956 и Кисела Вода до 922. Н, мора да се напомене дека има и 150 нераспределени по општини.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 444
• Гази Баба – 1007
• Аеродром -1161
• Карпош – 987
• Центар – 956
• Кисела Вода – 922
• Ѓорче Петров – 595
• Бутел – 389
• Шуто Оризари – 123
• Студеничани – 36
• Сарај – 81
• Арачиново -20
• Илинден – 183
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 65
• Петровец –73
• Зелениково -42
• Странец – 119
• Нераспределен- 150.

И состојбата во болниците не е најсјајна, па така денеска во болница од Ковид-19 се лекуваат 1.049 пациенти.

На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.