Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор

„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор.

-Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои имаат отежнат или нефункционален говор за комуниција со околината, информираат од Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

На промоцијата на паликацијата ќе присуствуваат и креаторите на апликацијата.

Здружението Отворете ги прозорците е посветено на промовирање пристап до информатичка технологија за лица со попреченост, овозможувајќи им целосно да ги искористат нивните способности.