Во Косово четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 137 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 777 од вкупно 26.121 лице кај кое е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 16.499 лица кај кои е откриен вирусот, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 8.845 случаи.

Вчера се извршени 1.519, а вкупно досега 111.560 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Поради порастот на случаите на заразени и починати од коонавирусот во последните неколку недели, косовскиот премиер Авдулах Хоти најави нови мерки, кои ќе стапат во сила в петок, на 13 ноември.

Меѓу другото, се предвидува карантин и полициски час од 19 до 5 часот во некои од општините со процентуално најголем новозаразени и починати, вклучително главниот град Приштина, кој е најголемо жариште на епидемијата.