„Версаче“ отвори продавници во Дубаи и Москва. Не се плаши од Ковид-19


Италија– Луксузната модна  куќа со седиште во Милано „Версаче“ неодамна отвори две нови продавници во потрошувачките центри на висока мода, едната во Дубаи, а другата во Москва.

Замислен од францускиот архитект Гвенаел Никола, основач на мултидисциплинарното креативно студио Curiosity со седиште во Токио, новата продавница на Версаче, се наоѓа на луксузната дестинација за шопинг Дубаи Мол.

Продавницата се карактеризира со фасада од бел мермер, во која се наоѓа златно лого поставено веднаш над стаклениот влез со рачки во облик на барокниот V.

Внатре, студенилотот на белиот мермер се балансира со меки теписи и кадифени фотелји работени во сина прашкаста боја, додека инсталацијата на златни первази, како и 3-Д иконската Медуза, го дефинираат таванот.

Во Москва, Версаче се одлучи за луксузниот трговски центар Barvikha Luxury Village. Таму, мермерот е поврзан со тротоарите од дрво од еукалиптус и сјајни стаклени плочи исечени со златен метал.

Како што е соопштено, за време на тримесечниот период кој завршува на 26 септември, Версаче, кој беше купен од Капри холдинг ЛТД во декември 2018 година, оствари приходи од 195 милиони долари, во споредба со 228 милиони долари пред една година. Профитот беше 20 милиони долари, за разлика од лани само за 9 милиони долари. Машката облека, како и патиките и облеката испрскана со веднаш препознатливиот модел Barocco V, беа категориите со најдобри перформанси во понудата на Версаче.