Црниот бран не запира – нови 1.295 случаи со Ковид-19, 26 починати, 429 оздравени лица


Во последните 24 часа се направени 3.315 тестирања, а регистрирани се 1.295 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18. Починати се 26 пациенти од кои …

Црниот бран не запира – нови 1.295 случаи со Ковид-19, 26 починати, 429 оздравени лица Read More »

Корона, некорона – скопјани излегоа да го прослават пласманот на Македонија


Центарот на Скопје вечерва се исполни од раздрагани и еуфорични граѓани кои излегоа да го прослават невидениот успех на македонскиот фудбал – пласман на едно Европско првенство. Благодарение на системот на УЕФА, Македонија доби шанса да се бори за место на првенството идната година и преку системот на квалификации во Лигата на нации успеа да …

Корона, некорона – скопјани излегоа да го прослават пласманот на Македонија Read More »

Украинскиот претседател Зеленски префрлен во болница со Ковид-19


Украинскиот претседател Володимир Зеленски е примен во болничко изолирано одделение, откако претходно оваа недела беше позитивен на тест за корона вирус. Претседателот сè уште работи од клиниката „Феофанија“ во Киев и e воспоставен  посебен канал до неговата канцеларија, но тој не може да види никого, објави во четвртокот изутрина „Украинска правда“. Зеленски во понеделникот на …

Украинскиот претседател Зеленски префрлен во болница со Ковид-19 Read More »

Франција/Ковид-19: Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна нега – на секои три минути


Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција  поради Ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април. Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс. – Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со Ковид-19 во болниците, изјави тој на брифинг со новинарите. Кастекс додаде дека нов случај со Ковид се …

Франција/Ковид-19: Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна нега – на секои три минути Read More »

Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 3.316 нови случаи, починаа 50 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.316 нови случаи, а починаа 50 лица, што е нов негативен рекорд на дневно ниво, како во однос на новозаразрените, кои првпат се над 3.000 така и во однос на смртните случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и …

Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 3.316 нови случаи, починаа 50 лица Read More »

Во Албанија 401 новозаразени со Ковид-19, во тек постапка за набавка на брзи тестови


Во Албанија, во последното деноноќие Ковид -19 е потврден кај 410 лице од направените 2.044 тестови (485 за скриннг),што е 20 отсто од тестираните. И понатаму главно жариште е Тирана каде се 265 од новите случаи, по што доаѓаат Драч, Елбасан,Скадар и Корча. Според министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа битката …

Во Албанија 401 новозаразени со Ковид-19, во тек постапка за набавка на брзи тестови Read More »

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020


Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија …

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020 Read More »

Државата ќе овозможи легализирање на кешот со плаќање 10 отсто данок


Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10 отсто данок, или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница. Оваа можност вчера ја најави премиерот Зоран Заев, како една од повеќето мерки кои ќе бидат преземени во наредната година со цел …

Државата ќе овозможи легализирање на кешот со плаќање 10 отсто данок Read More »

Словенија воведе нови драстични мерки за да го спречи ширењето на заразата


Словенија ќе воведе нови построги мерки што ќе бидат во сила следните две недели со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот. Една од мерките ќе биде привремено укинување на јавниот превоз, а сите продавници, освен оние што продаваат храна, ќе бидат затворени, пренесува агенцијата СТА. Училиштата и градинките остануваат …

Словенија воведе нови драстични мерки за да го спречи ширењето на заразата Read More »

Мемоари на Обама: Американското општество е длабоко поделено


САД – Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во книгата што ќе биде објавена следната недела, оцени дека се длабоки поделбите во американското општество, до тој степен што заминувањето на Доналд Трамп од функцијата нема да биде доволно за надминување на тие поделби. Во првиот том од мемоарите „Ветена земја“ што ќе излезе во вторник, Обама …

Мемоари на Обама: Американското општество е длабоко поделено Read More »

За една недела 709.000 Американци се пријавиле како невработени


Бројот на Американци кои се пријавиле како невработени изнесува 709.000 за една недела, што е се уште високо ниво, но помалку од март. Тоа е знак дека пазарот на труд најверојатно полека закрепнува, објавија американски медиуми. Проценките беа за 731.000 Американци. Претходната недела, 757.000 луѓе поднеле документи дека се невработени, наведува американското Министерство за труд. …

За една недела 709.000 Американци се пријавиле како невработени Read More »

Аксиос: Трамп размислува за медиумска империја како пандан на Фокс њуз


Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за создавање на дигитална медиумска империја која ќе се натпреварува со Фокс њуз, пренесува порталот Аксиос. Извори откриле за медиумот дека Трамп им рекол на пријателите дека сака да создаде дигитален медиум што ќе го уништи Фокс Њуз. Некои советници веруваат дека Фокс Њуз направи грешка откако …

Аксиос: Трамп размислува за медиумска империја како пандан на Фокс њуз Read More »

СЗО преговара за руската вакцина против корона вирус


Светската здравствена организација во моментов е во преговори со рускиот институт кој ја развива вакцината против Ковид-19 СпутникV, за можноста да биде вклучена во списокот за итна употреба на вакцината. Со ставањето списокот на итни вакцини, СЗО вакцината би им ја препорачала за употреба на земјите-членки. „Се радуваме што ќе добиеме податоци за нивната вакцина Спутник …

СЗО преговара за руската вакцина против корона вирус Read More »

Градежни активности за ново стрелиште во касарната Илинден: Ги подобруваме условите за работа на полицијата


Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски денеска извршија увид во градежните активности на стрелиштето во касарната Илинден, соопшти МВР. Министерството во соработка со Армијата на Република Северна Македонија отпочна со активности за изградба и опремување на стрелиште во касарната Илинден во која се …

Градежни активности за ново стрелиште во касарната Илинден: Ги подобруваме условите за работа на полицијата Read More »

Водител на Фокс њуз објави листа на починати лица, за кои тврди дека гласале


Водителот на Фокс њуз, Такер Карлсон објави листа со имиња на 25 лица за кои тврди дека починале, а сепак гласале на претседателските избори во САД, упатувајќи критики до медиумите бидејќи не известувале за наводните изборни измами. Карлсон изјави дека „починатите избирачи веројатно гласале за демократскиот кандидат Џо Бајден“, иако нивниот избор на гласачките ливчиња …

Водител на Фокс њуз објави листа на починати лица, за кои тврди дека гласале Read More »

Во Белгија се разгледува опцијата за неделно тестирање на целото население


Според експертите едно од решенијата за излез од санитарната криза и рестриктивните мерки е да се тестираат сите граѓани во земјата на неделна база, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесува денеска националната агенција Белга. -Тоа е една од можните стратегии за да се спречи трет бран, но за тоа ќе биде потребна …

Во Белгија се разгледува опцијата за неделно тестирање на целото население Read More »

Повторно повеќе од 3.000 заразени во Србија, починаа 19 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа откриени се 3.341 случај на зараза, а од пoследиците на Ковид-19 починаа уште 19 пациенти. На респиратор се 151 пациент, а во болница се лекуваат 3.343. Во последните 24 часа тестирани се 13.008 лица. До денеска во Србија од Ковид-19 заболеле 73.765, а заразата однесе 955 животи. Заради …

Повторно повеќе од 3.000 заразени во Србија, починаа 19 пациенти Read More »

Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на „сметководителот на Аушвиц“ за предолга постапка  


Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на поранешниот СС-ец Оскар Гренинг, познат како „сметководителот на Аушвиц“, кој се пожали на должината на кривичната постапка која се води против него во Германија, по неговото конечно осудување во 2016 година, јави дописникот на МИА. Оскар Гренинг, кој почина на 96-годишна возраст во 2018 година, служеше …

Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на „сметководителот на Аушвиц“ за предолга постапка   Read More »

Нема нови рестриктивни мерки, од понеделник можни рестрикции во движењето


Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство. Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се …

Нема нови рестриктивни мерки, од понеделник можни рестрикции во движењето Read More »

Словенечката полиција користела гумени куршуми против демонстрантите, првпат од 1991 година


Полицијата во Љубљана денеска соопшти дека за време на протестите минатиот четврток, користеле гумени куршуми, кои најчесто се во употреба за растурање такви собири. За време на тие протести беа повредени 15 полицајци, од кои петмина побараа медицинска помош, а началникот на полицијата Станислав Вречер истакна дека употребата на сила против демонстрантите била пропорционална, пренесува …

Словенечката полиција користела гумени куршуми против демонстрантите, првпат од 1991 година Read More »