За една недела 709.000 Американци се пријавиле како невработени


Бројот на Американци кои се пријавиле како невработени изнесува 709.000 за една недела, што е се уште високо ниво, но помалку од март. Тоа е знак дека пазарот на труд најверојатно полека закрепнува, објавија американски медиуми.

Проценките беа за 731.000 Американци. Претходната недела, 757.000 луѓе поднеле документи дека се невработени, наведува американското Министерство за труд.

Бројот на Американци кои продолжуваат да добиваат државна помош се намали на 6,8 милиони од 7,2 милиона. Тоа значи дека повеќе Американци наоѓаат работа и повеќе не добиваат надоместоци за невработени. Невработеноста минатиот месец се намали на 6,9 отсто.