Украинскиот претседател Зеленски префрлен во болница со Ковид-19


Украинскиот претседател Володимир Зеленски е примен во болничко изолирано одделение, откако претходно оваа недела беше позитивен на тест за корона вирус.

Претседателот сè уште работи од клиниката „Феофанија“ во Киев и e воспоставен  посебен канал до неговата канцеларија, но тој не може да види никого, објави во четвртокот изутрина „Украинска правда“.

Зеленски во понеделникот на Телеграм соопшти дека има треска: „Имам 37,5 (степени) и им посакувам на сите 36,6!“

Други политичари и официјални лица исто така се заразија со вирусот: спикерот на парламентот Дмитро Разумков рече дека тој бил позитивен на тестот оваа недела и шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, бил примен во истата болница како и претседателот со Ковид-19.

Во средата, украинската влада воведе заклучување за време на викендот, во надеж дека ќе избегне да ја затвори целата економија.

Според податоците објавени во четвртокот наутро, Украина забележа 11.000 нови случаи со корона вирус во изминатите 24 часа. Вкупно, повеќе од 9.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата.