Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија?


Единаесет дена по оддржаните избори во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година. Броењето на гласовите за изборите во …

Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија? Read More »

Македонските фудбалери подобри од естонската селекција


Во натпревар од 5. коло Ц-сегмент втора група во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Естонија со 2:1. На средбата одиграна попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, головите за домаќините ги постигнаа Иван Тричковски во 29. и Влатко Стојановски во 68. минута. За Естонците погоди Рауно Сапинен во 52. минута. Селекторот …

Македонските фудбалери подобри од естонската селекција Read More »

Бројот на починати од Ковид-19 во Србија надмина 1.000, денеска починаа 20 пациенти


Според последните информации во Србија потврдени се 3.482 нови случаи на заразени со корона вирус, а починаа 20 лица. Тестирани биле 11.527 примероци, а на респиратор во болница има 164 пациенти, додека низ болниците од Ковид-19 се лекуваат 3.847 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 1.507.822 примероци, а позитивни биле 84.568. До …

Бројот на починати од Ковид-19 во Србија надмина 1.000, денеска починаа 20 пациенти Read More »

Во Косово изминатото деноноќие 13 починати, 501 заболен и 250 излекувани од Ковид-19


Бројката на смртни случаи од пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна вкупно 822 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.361 тест со методот РТ-ПЦР (118.946 …

Во Косово изминатото деноноќие 13 починати, 501 заболен и 250 излекувани од Ковид-19 Read More »

Почина професор д-р Владимир Андонов, основоположник и дојаен на современата анестезиологија


Денеска на 86 годишна возраст почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози. Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до …

Почина професор д-р Владимир Андонов, основоположник и дојаен на современата анестезиологија Read More »

Оставки на повеќе од половина министри во Перу


Повеќето од половината министри во Перу поднесоа оставки по бруталното полициско насилство за време на граѓанските протести одржани поради смената на поранешниот претседател Мартин Вискара. Според локалните медиуми, 13 од 18 министри во новата Влада, која беше формирана во четвртокот, поднесоа оставки. Меѓу нив се министрите за одбрана, за внатрешни работи, за правда, за економија …

Оставки на повеќе од половина министри во Перу Read More »

Бибер: Ако не може да се слави Тито, како влегоа Хрватска и Словенија во ЕУ?


Професорот на Универитетот во Грац, Флоријан Бибер, го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, „еден од најмрачните диктатори – Тито“. „Бугарската МНР апсурдно …

Бибер: Ако не може да се слави Тито, како влегоа Хрватска и Словенија во ЕУ? Read More »

Османи: Ќе работиме до последен момент


Се додека постои уште простор, постојат денови пред нас, постои и можност да се разговара и да се рефлектира приближувањето на ставовите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но одлуката ќе биде донесена во Советот на министри на Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи . Овие два дена, како што рече Османи, …

Османи: Ќе работиме до последен момент Read More »

На инфективните одделенија се лекуваат 701 пациент, слободни кревети има


Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на инфективните …

На инфективните одделенија се лекуваат 701 пациент, слободни кревети има Read More »

Османи  и Вутсас кај роднините на загинатото момче во нападот во Виена


Австрија и Северна Македонија изгубија чесен, работлив и лојален граѓанин, заклучија министерот за надворешни работи Бујар Османи и австрискиот амбасадор Георг Вутсас по денешната посета на роднините на Неџип Вренези, кој пред неполн месец настрада во терористичкиот напад во Виена. Тероризмот, го оценија како опасна закана од која никој и никаде не е заштитен. -Исто како и извршителите, и …

Османи  и Вутсас кај роднините на загинатото момче во нападот во Виена Read More »

Од КОВИД-19 до сега починаа најмалку 1,3 милиони лица, бројот на заразени надмина 54 милиони


Корона вирусот однесе животи на најмалку 1.313.471 лице ширум светот од почетокот на пандемијата во Кина во декември 2019 година, според податоци на националните влади и Светската здравствена организација. Потврдени се најмалку 54.001.750 случаи. Од нив, најмалку 34.599.700 се опоравени. Тие податоци веројатно одразуваат дел од сите случаи, бидејќи има многу непотврдени. Многу земји тестираат …

Од КОВИД-19 до сега починаа најмалку 1,3 милиони лица, бројот на заразени надмина 54 милиони Read More »

Трамп твитна: Бајден „победи“, но процесот беше „наместен“


Доналд Трамп за прв пат во неделата наутро по американско време прифати дека Џо Бајден победи на изборите во САД, но тврди дека процесот е „наместен“. Иако се чини дека актуелниот претседател не му ја признава победата на својот демократски ривал, тој е најблизу до признавањето на победата на Бајден. Тој напиша: „Тој победи затоа …

Трамп твитна: Бајден „победи“, но процесот беше „наместен“ Read More »

Србија го ограничи работното време на кафеаните, клубовите, продавниците…


Српската влада денеска донесе одлука да го ограничи работното време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, ресторани, како и трговските центри, продавниците, од 21 часот до пет часот наутро, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. Од тие мерки се изземени аптеките, доставувањето храна, бензиските станици и претпријатијата кои работат „трета смена“. Мерките стапуваат во сила од …

Србија го ограничи работното време на кафеаните, клубовите, продавниците… Read More »

Хамилтон ја одбрани шампионската титула


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е старо-нов шампион во Формула 1. Британецот попладнево победи на трката за Големата награда на Турција и официјално по седми пат стана планетарен шампион. Тој доминира во Ф1 од 2017 и е во серија од четири трофеи, а претходно победуваше и во 2008, 2014 и 2015. Седум титули во кариерата …

Хамилтон ја одбрани шампионската титула Read More »

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница


Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на семејството на Заеви. Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница. Заев рече дела фирмата …

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница Read More »

Психолозите со препораки: Реорганизација на секојдневието и на навиките за психолошки мир на прагот на зимата


Голем психолошки притисок, анксиозност, неснаоѓање, паника за сопственото и здравјето на семејството, се психолошките последици од падемијата. Особено на прагот на зимата. Психолозите велат дека интервенираат и се обидуваат да им помогнат на граѓаните да ја пребродат психолошката криза. Личната и во семејните рамки. Според Кристина Павлоски, психолог од невладината Центар за граѓански иницијативи од …

Психолозите со препораки: Реорганизација на секојдневието и на навиките за психолошки мир на прагот на зимата Read More »

Состојбата во словенечките болници е критична, починаа уште 32 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 3.563 примероци, а позитивни на Ковид-19 биле 920 луѓе, додека 32 пациенти починале од последиците на болеста. Бројот на заразени е помал од претходните денови кога имаше и по 1.731 инфекции, но има и двојно помалку тестирани, но уделот на позитивни е речиси ист – 25,82 отсто. …

Состојбата во словенечките болници е критична, починаа уште 32 пациенти Read More »

Во Хрватска 43 починати од Ковид-19, новозаразени се 2.365


  Во Последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 2.365 заразени со корона вирус, а бројот на активни случаи е 16.929. Меѓу нив има 1.710 пациенти на болничко лекување, од кои пак, 194 пациенти се на репсиратор. Починаа 43 пациенти во последното деноноќие. Од февруари досега вкупно се забележани 84.209 заразени со корона вирусот, …

Во Хрватска 43 починати од Ковид-19, новозаразени се 2.365 Read More »

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти, вкупно се лекуваат 410 болни од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 37 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 42 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, …

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти, вкупно се лекуваат 410 болни од Ковид-19 Read More »

Заев: До крајот на декември има можност за прва меѓународна конференција


Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската Унија и покрај позитивната одлука. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не …

Заев: До крајот на декември има можност за прва меѓународна конференција Read More »