Во Косово изминатото деноноќие 13 починати, 501 заболен и 250 излекувани од Ковид-19

Бројката на смртни случаи од пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна вкупно 822 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.361 тест со методот РТ-ПЦР (118.946 вкупно досега), позитивни на коронавирусот биле 501 лице.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се зголеми на 29.117, а болеста досега ја совладале 17.305 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 104 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 10.990 активни заболени