Бибер: Ако не може да се слави Тито, како влегоа Хрватска и Словенија во ЕУ?


Професорот на Универитетот во Грац, Флоријан Бибер, го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, „еден од најмрачните диктатори – Тито“.

„Бугарската МНР апсурдно тврди дека не смее да се слави Тито во ЕУ. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ. Сигурно ги промашив и сите македонски прослави на Тито“, напиша Бибер.

Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа ѝ вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.