Состојбата во словенечките болници е критична, починаа уште 32 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 3.563 примероци, а позитивни на Ковид-19 биле 920 луѓе, додека 32 пациенти починале од последиците на болеста.

Бројот на заразени е помал од претходните денови кога имаше и по 1.731 инфекции, но има и двојно помалку тестирани, но уделот на позитивни е речиси ист – 25,82 отсто.

Со новозаразените во последните 24 часа вкупниот прој заразени од почетокот на пандемијата е зголемен на 55.042. Во однос на претходниот ден, зголемен е и бројот на активни случаи и сега изнесува 19.381.

Меѓутоа, состојбата во болниците и понатаму е критична, а се верува дека бројот на луѓе во болница ќе се намали за од прилика две недели, коха ќе почнат да делуваат најновите рестриктивни мерки кои од четвртокот па во следните две недели ги пропиша словенечката влада.