Бројот на починати од Ковид-19 во Србија надмина 1.000, денеска починаа 20 пациенти


Според последните информации во Србија потврдени се 3.482 нови случаи на заразени со корона вирус, а починаа 20 лица.

Тестирани биле 11.527 примероци, а на респиратор во болница има 164 пациенти, додека низ болниците од Ковид-19 се лекуваат 3.847 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 1.507.822 примероци, а позитивни биле 84.568.

До сега починаа 1.009 пациенти.