Во Хрватска 43 починати од Ковид-19, новозаразени се 2.365


 

Во Последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 2.365 заразени со корона вирус, а бројот на активни случаи е 16.929.

Меѓу нив има 1.710 пациенти на болничко лекување, од кои пак, 194 пациенти се на репсиратор.

Починаа 43 пациенти во последното деноноќие.

Од февруари досега вкупно се забележани 84.209 заразени со корона вирусот, од кои 1.049 починаа, а оздравеа 66.231 лица.

Во самоизолација се 38.824 лица.

До денеска се тестирани 619.532 луше, од кои 8.175 во последните 24 часа.