По студеното утро, сончево со температура до 19 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. […]

Промеморија на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ


Во неделата во вечерните часови МАНУ издаде промеморија во која ги нагласува  државотворноста и идентитетот на македонскиот народ, како и посебноста на македонскиот јазик. Оваа промеморија доаѓа на само два дена од министерскиот состанок на ЕУ, на кој официјална Софија најави дека ќе го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија, истакнувајќи редица барања кои […]

Девет работи што Софија очигледно не ги сфаќа во спорот со Скопје


Бугарија отсекогаш го сметаше членството на Северна Македонија во ЕУ како нејзин стратешки приоритет. И таа секогаш го бранеше и опстојуваше доследно. Во моментов гледаме како таа сама го поткопува, смета бугарскиот уставен експерт и професор, Даниел Смилов   Бугарија е на пат да направи стратешка грешка во својата надворешна политика. Со блокирање на преговорите […]

Славески е против продажба на земјоделското земјиште


Универзитескиот професор Трајко Славески, кој е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, смета дека Владата треба да ја преиспита намерата за продажба на земјоделското земјиште. Според него, тоа може да го загрози снабдувањето со храна во иднина. „Идејата за продажба на земјоделско земјиште не е нова, но мислам дека треба […]

Борис Џонсон во самоизолација


  Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид-19. Ова го соопштија денеска од канцеларијата на „Даунинг стрит“, „Тој ќе продолжи да работи на Даунинг стрит, и да го предводи владиниот одговор на пандемијата корона вирусот“, рече портпаролот на премиерот, кој порано оваа година беше во болница […]

Буџетскиот дефицит во 2025 ќе се сведе на 2,1 отсто од БДП, најавува министерот Бесими


Од следната година буџетскиот дефицит ќе се намалува, за до 2025 година да се сведе на 2,1 проценти или под Мастришкиот критериум. Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на […]

Од продажба на земјоделско земјиште Заев очекува 200 до 300 милиони евра. Попова Шапка може да оди во „пакет“ со Брезовица


Во дебатата на МТВ премиерот нагласи дека веќе има заинтересирани за Пошта – од Австрија, Словенија, Романија, Чешка… Државата очекува 200 до 300 милиони евра од продажба на државното земјоделско земјиште во наредните три години, 20 до 40 милиони евра од регистрирање на автомобилите со странски таблички, но и значајни приходи од приватизација или јавно-приватно […]

Молдавија: Проевропскиот кандидат Маја Санду на пат кон победа на претседателските избори


Излезните анкети ја поставија кандидатката на опозицијата Маја Санду, која се залага за поблиски врски со Европската унија, на патот да го победи про-московскиот актуелен претседател Игор Додон во вториот круг од претседателските избори во Молдавија во неделата. Според излезните анкети, Санду има 54,8 отсто од гласовите во споредба со Додон кој има 45,2 проценти. […]

Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и ќе се пресели во Манчестер јунајтед


Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да стане играч на Манчестер јунајтед, објави „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, 26-годишниот Аргентинец ова лето ќе се пресели во Англија за да можат Италијанците да заработат барем некоја сума. Тековниот договор на напаѓачот со „старата дама“ истекува во јули 2022 година, по што ќе стане слободен играч. […]

Апокалиптичната политика на популистичката десница


ИВАН КРАСТЕВ Во 2016 година пораката на Трамп беше дека иднината им припаѓа на националистичките популисти. Сега, одбивајќи да го признае својот пораз, тој ја испрати пораката дека популистите треба да стравуваат од иднината   Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година беше квалификувана од многу десни популисти во Европа како пресвртен […]

(Видео) Масовни апсења во Минск


Припадниците на полицијата масовно апсеа учесници на демонстрациите одржани на таканаречениот Плоштад на промени во Минск, Белорусија. Таму денеска се собраа неколку илјади луѓе за да му оддадат почит на Роман Бондаренко, кој почина на 12 ноември откако беше приведен. Неколку десетици демонстранти се уапсени, пренесе Тас. The situation in Minsk is getting pretty horrible. […]

Исламски терорист во германската канцеларија за миграции?


  Германската влада потврди дека потенцијален исламски терорист е вработен во државната канцеларија за миграции и бегалци. Ова го објави Министерството за внатрешни работи, додека се врши поширока истрага за работата на агенцијата за миграции која ја покрена левичарската парламентарна група во Бундестагот, пренесе Индекс. Бидејќи истрагата за тоа лице е во тек, малку информации […]

Времениот претседател на Перу поднесе оставка


Времениот претседател на Перу, Мануел Мерино поднесе денеска оставка, за помалку од една недела откако стапи на функцијата. Тој поднесе оставка по повеќедневните граѓански протести, на кои се бараше негово заминување од власт, а во кои две лица загинаа, а повеќе десетици се повредени, со што земјата се соочува со нова политичка криза. Мерино ја […]

Обама: Мишел ќе се разведе од мене ако бидам во новата администрација


Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави денеска дека не би прифатил место во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој беше негов потпретседател. Тој во интервју за Си Би Ес, одговарајќи на прашањето како ќе му помогне на Бајден откако ќе ја преземе функцијата во јануари, Обама одговори дека на Бајден не му […]

Во Албанија рекордни 597 новозаразени, 11 починати од корона вирус


Во Албанија денеска е регистриран нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие. Од тестраните 2.500 сомнителни случаи, позитивни на опасниот вирус биле 597, што е 24 отсто од тестираните. Најголем број од новодијагностицираните се од Тирана или 171 лице, по што следуваат Драч и Корча со по 38, Фиер 36 и Љушња 35. […]

Нов негативен рекорд во Грција, починаа 71 лице од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 71 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени во споредба со претходните денови, јави дописничката на МИА од Атина. Исто како и минатата недела, поради помалиот број направени тестови, новите случаи се по 2.000, […]

Бугарските корени на мојата липа


Миодраг Врчаковски   Пред многу години мојот премудар татко Блаже во нашиот двор засадил липа. Додека беше жив се грижеше за неа како за сопствено чедо , како за рамноправен  член од семејството. И даде дури и име… Ја викаше Росица. „Одам во дворот да си ја видам Росица и да си ги разбистрам мислите“, […]

Нови 990 заразени, 24 починати и 382 оздравени


Од  2655 направени тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани нови 990 случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив, 378 се во Скопје, Куманово-48,  Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9,  Валандово-1, Виница-10, Делчево-8,  Кратово-3, Свети […]

Нова модна (р)еволуција: Со „Гучи“ на незаборавно филмско патување


Форматот им овозможува на сите модата да ја гледаат од посакуваното седиште во првиот ред, отстранувајќи дел од ексклузивноста на ревиите на пистата   Италија (АП) – Креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле, сакаше да го надмине шоуто на пистата, а пандемијата на коронавирусот обезбеди погоден момент. Микеле се здружи со американскиот филмски режисер Гас […]

Денеска во Босна и Херцеговина регистрирани 1.056 заразени, починаа 41


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.056 новозаразени со корона вирусот, а тестирани биле 2.273 лица. Починаа 41 пациент. Во Федерацијата тесирани се 1.443 примероци, а 864 биле позитивни. Досега тестирани се 245.352, а позитивни биле 45.662 лица. До денеска оздравеле 24.913 пациенти, а активни се 19.609 случаи. Пријавени се […]