Денеска во Босна и Херцеговина регистрирани 1.056 заразени, починаа 41


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.056 новозаразени со корона вирусот, а тестирани биле 2.273 лица. Починаа 41 пациент.

Во Федерацијата тесирани се 1.443 примероци, а 864 биле позитивни.

Досега тестирани се 245.352, а позитивни биле 45.662 лица.

До денеска оздравеле 24.913 пациенти, а активни се 19.609 случаи.

Пријавени се 22 починати пациенти или вкупно 1.140.

Во Република Српска тестирани се 822 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 191 лице.

Пријавени се 16 смртни случаи или вкупно 707.

Досега од Ковид-19 заболеле 25.160, оздравеле 10.219, а тестирани се 120.070 лица.

Во Брчко има само едно новозаразено лице, но починаа торјца пациенти.