По студеното утро, сончево со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.