(Видео) Масовни апсења во Минск

Припадниците на полицијата масовно апсеа учесници на демонстрациите одржани на таканаречениот Плоштад на промени во Минск, Белорусија.

Таму денеска се собраа неколку илјади луѓе за да му оддадат почит на Роман Бондаренко, кој почина на 12 ноември откако беше приведен.

Неколку десетици демонстранти се уапсени, пренесе Тас.

Полицајците го отстранија импровизираниот споменик на Бондаренко кој го поставија жителите на Минск.

Според извештаите на активистите за човекови права, вкупно 351 лице се приведени на денешните протести ширум земјата.