Италија: Изгуби на изборите, а беше единствен кандидат


Иако единствен кандидат за градоначалник во малата италијанска општина Лежина – град со 6.000 жители, во близина на Фозда, член на партијата Лига, Примиано Ди Мауро загуби. Имено, за да бидат валидни резултатите од локалните избори, требаше да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во таа мала општина, само 49 проценти од населението излегоа […]

Во Унгарија намален карантинот од 14 на 10 дена


Задолжителниот карантин за патниците кои влегуваат во Унгарија е намален од 14 на 10 дена, изјаvи членот на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, Роберт Киш. Тој додаде дека и покрај карантинот, странските државјани мора да покажат и дозвола за влез во земјата. Во изминатите 24 часа издаден е налог за изолација за 2.062 лица, […]

Диме Велковски нов пратеник на местото на Манчевски


Диме Велковски е новиот пратеник од листата на пратеници на СДСМ и коалицијата „Можеме“, откако Дамјан Манчевски денеска си поднесе оставка од пратеничката функција. За верификација на мандатот на Велковски гласаа 82 пратеници, ниту еден не беше против или воздржан.

Повеќе од 200 заразени во БиХ, 14 починаа


Во последните 24 часа во БиХ се идентификувани 215 новозаразени со коронавирус. Од таа бројка, 164 се од Федерацијата БиХ, каде што се регистрирани вкупно 14 смртни случаи – пет во изминатите 24 часа и девет од претходните, за кои беше објавено подоцна.  

ЕУ стои покрај ОН


ЖОЗЕП БОРЕЛ Мултилатерализмот денес мора да биде различен од оној на дваесеттиот век: моќта се префрли и предизвиците веќе не се исти. Свет без ОН би нè загрозил сите нас   Во која било нормална година, сега би бил во Њујорк на годишното отворање на Генералното собрание на Обединетите нации (УНГА). Настанот претставува најголема концентрација […]

Засилени контроли за почитување на мерките, се разгледуваат и нови мерки


Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст. – Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените  се должи […]

Засега останува препораката учебната година да почне на 1 октомври


Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ја следиме работата на градинките. Секојдневно ги следиме бројките во одредени општини, за да евентуално дадеме препорака само на дел од земјата, и не само врз основа на бројката, туку и контактите, кој од кого се заразил. Анализираме повеќе параметри – вели министерот за здравство […]

Чешкиот министер за здравство истакна дека построги мерки се неизбежни


Новиот чешки министер за здравство Роман Примула денеска изјави дека поостри ограничувања за локали и јавни настани се неизбежни, еден ден откако неговиот претходник поднесе оставка поради зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19. Чешка вчера регистрира 1.476 нови случаи на коронавирус, според податоците на Министерството за здравство, со што вкупниот број на потврдени случаи од почетокот […]

Во Хрватска нови 144 случаи со корона вирус


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на заразени со коронавирус и две починати лица. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.894, соопшти Штабот за цивилна заштита. Меѓу нив 278 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор. Од 25 февруари оваа година забележан е […]

Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува


Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, рече министерот за здравство Венко […]

Врховен суд уште не ги доставил списите до кривичен за Јанкулоска да оди во затвор


Врховниот суд уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казната од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РСМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сѐ уште се работи на предметот, односно дека се […]

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието ќе поднесе барање за надзорна расправа за откупот и откупната цена на грозјето, со цел, како што посочуваат, да се постигне консензус помеѓу сите засегнати чинители и да се достигне достоинствена цена за килограм грозје. -Лозарите се излажани и изманипулирани од СДСМ и […]

И Драган Тевдовски замина од Македонија, ќе работи во ММФ во Вашингтон


Екс министерот за финансии Драган Тевдовски, чии идеи за прогресивен данок не и се допаднаа на бизнис заедницата, си заминал деновиве од Македонија. Тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд. Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Питс од Работничи позитивен на коронавирус


Плејмејкерот на Работнички, Демиер Питс е позитивен на коронавирус, објави клубот од „Градски парк“. – Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19. Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на […]

(Во живо) Прес на министерот за здравство Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во 13.30 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни понатамошните мерки за сузбивање на епидемијата од корона вирус. Се очекува да објасни зошто имаме висок број починати, а особено дневните бројки се зголемија последната седмица.

Германија го оживува „Транс-Јуроп-Експрес“ – мрежа на супербрзи железнички линии


Германскиот министер за транспорт, Андреас Шеуер, во Берлин го претстави планот за мрежа на супербрзи железнички линии меѓу европските градови, чие основање треба да биде финансиски поддржано од Европската унија. Шеуер всушност  го оживува „Транс-Јуроп-Експрес“, предлагајќи со комбинација на супербрзи и ноќни возови повторно да ја отвори железничката врска меѓу поголемите градови во Западна Европа, […]

Битола влегува во третиот пик, концертите во Хераклеја си го направија своето


  Анета Блажевска БИТОЛА – Во Битола третиот пик започна малку пред третиот пик на ниво на целата држава, анализира професорот на Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски кој со математички модели изготвува статистички анализи за состојбата со корона вирусот во државата и во Битола. Анализите на професорот Трајковски за забрзаниот раст на бројот […]

По повеќе децении реновирана градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе1


По повеќе децении, објектот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 доби нов лик. По неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, со што се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа предучилишна устаnова. Заменети се прозорците и вратите за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат […]

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ


Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ и е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со францускиот […]

(Видео) Во Русија мртви птици паѓаат од небото


На руските социјални мрежи, корисниците  споделуваат видеа на кои се гледа како десетици мртви птици паѓаат од небото и лежат на улиците на градот Балаково, каде што се наоѓа нуклеарната централа. Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа VK, на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на […]