Наполи ја наполни мрежата на Џенова, Елмас еден од стрелците


Дуелот на двата македонски репрезентативци во 2. коло од Серија А, му припадна на Елиф Елмас. Неговиот тим Наполи му нанесе дебакл на тимот на Џенова за која настапи Горан Пандев. Наполи победи со 6:0, Елмас го постигна петтиот гол за домаќините. Наполи е прв на табелата со две победи, Џенова на средината со една […]

Прв пораз на Баерн по десет месеци


Хофенхајм попладнево издвојува убедлива победа над Баерн со 4:1 во 2. коло од германската Бундеслига. Единствениот гол за Баерн го постигна дефанзивецот Џошуа Кимих. Кај домаќините двоен стрелец беше Андреј Крамариќ, додека по еднаш погодија Мунас Дабур и Ермин Бичакчиќ. Последен пат тимот на Минхен загуби во декември 2019 година. Тогаш Баерн загуби од Борусија […]

Повторно 100.000 демонстранти маршираа против Лукашенко и за „претседателката Света“ (Видео)


Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар Лукашенко, и покрај новата насилна реакција на армијата и полицијата, јави ДПА. Демонстрациите беа организирани со цел симболично да се назначи лидерот на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја за претседател на таканаречената „инаугурација на народот“. „Света е наш […]

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Џо Бајден, да биде тестиран за присуство на дрога. „Ќе инсистирам на тест за дрога за заспаниот Џо Бајден пред или по дебатата во вторник вечер“, напиша Трамп на Твитер. Тој додаде дека ќе се согласи и […]

Борисов до Заев: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија


Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија. Според соопштението од Владата, фокусот на разговорот меѓу Заев и Бојко Борисов бил Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање кое е особено важно за зајакнување на регионалната соработка и […]

Манчестер сити на домашен терен загуби од Лестер со 5:2


Лестер го совлада Манчестер сити со 5:2 во гостински натпревар од 3. коло на англискиот фудбалски шампионат. Напаѓачот на „лисиците“ Џејми Варди постигна хет-трик. Три од петте гола Лестер ги постигна од пенал. За Лестер ова е трета победа во третиот меч од новата сезона во Премиер лигата и со максимални девет бода е прв […]

Поголемиот број фирми без добивка ќе остават и повеќе вработени без К-15


Годинава поголем број фирми ќе работат без добивка, па согласно Колективните договори и законските прописи, тие немаат обврска да исплаќаат надомест за годишен одмор, популарниот К-15. Сепак, и покрај ова, премиерот Зоран Заев ги повика ваквите фирми доколку имааат можност, да го сторат тоа. „Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат […]

Кој и колку добива од најавените 470 милиони евра од четвртиот пакет на Владата


Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка со директна помош за граѓаните, најави денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Заедно со вкупната вредност на претходните три пакети од 550 […]

Во Црна Гора 116 новозаразени


Во Црна Гора денеска биле тестирани 545 примероци, а регистрирани се 116 нови случаи со корона вирус. Од последните пресек нема нови смртни случаи, а во моментот има 3.699 активни случаи. Вкупниот број починати останува 158. Оздравеле 88 пациенти. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 10.313.

И Азербејџан прогласи воена состојба, Ерменија сака да го признае Нагорно-Карабах, мртви на двете страни


Парламентот на Азербејџан денеска усвои декрет за воведување воена состојба во поголем број градови и региони во земјата, јави Тасс, дополнувајќи дека ваквиот чекор се должи на влошувањето на ситуацијата во Нагорно Карабах. Одлуката на азербејџанскиот Парламент мора да биде одобрена од претседателот Илхам Алиев во рок од 48 часа. Претходно и Ерменија со презеде […]

На Ќафасан уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница


Македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од хрватските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга. -Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските […]

Трамп може да остане на власт дури и ако не победи на изборите


ФАРИД ЗАКАРИЈА  Со одбивањето да се посвети на мирен трансфер на власта, претседателот Трамп вознемири многумина кои стравуваат дека тој ќе одбие да ја напушти функцијата дури и ако ги загуби изборите во ноември – па дури може да прибегне и кон насилство. Застрашувачката реалност е дека постојат и неколку механизми кои се легални и […]

Новиот пакет мерки е задоцнет и дополнително ќе ја продлабочи кризата, вели Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата. – […]

До 15 октомври ќе почнат сите активности за именување директори


Веќе следната семица ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а верувма дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 […]

Се степале двајца лекари од Куманово


Лекар во Интерното одделение во Болницата во Куманово бил физички нападнат од негов колега. – На 26.9.2020 во 9.07 часот во СВР Куманово, лекар во Интерно одделение при болницата во Куманово пријавил дека бил физички нападнат од негов колега, соопшти МВР. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Првата дама Ѓоргиевска со розов апел: Практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии


Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на трката за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк во Скопје. На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнз. Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи […]

Фатен крадец што украл злато вредно 700.000 денари


Нешто по полноќ, ноќеска полициски службеници од СВР Тетово на ул.„180“ во Тетово го фатиле И.Џ.(42) од Тетово, поради сомнение дека претходно вечерта, од 20.05 до 21.30 часот, влегол во станот на А.Џ.(40) од Тетово, без да ја оштети влезната врата, и одзел поголема количина златен накит, причинувајќи штета од околу 700.000 денари. При преглед […]

Србија пријави нови 72 случаи со корона вирус, почина еден пациент


  Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 72 нови случаи, а едно лице почина. Тестирани биле 3.138 примероци. Според последните податоци на Министерството за здравство, на респиратор се 21 пациент.

Во Босна и Херцеговина регистрирани 123 новозаразени


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина потврдени се нови 123 случаи со ковид-19, а оздравеа 115 лица. Во Федерацијата биле тестирани 429 примероци, а 62 биле позитивни. Досега се тестирани 153.678,а корона вирусот е потврден кај 17.442 лица. Оздравеле 13.358, од кои 35 во последното деноноќие. Активни се 3.586 случаи. Почина една жена, […]

Тројца починати, 148 новозаразени и 65 излекувани од Ковид-19


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени […]