Прв пораз на Баерн по десет месеци


Хофенхајм попладнево издвојува убедлива победа над Баерн со 4:1 во 2. коло од германската Бундеслига.

Единствениот гол за Баерн го постигна дефанзивецот Џошуа Кимих. Кај домаќините двоен стрелец беше Андреј Крамариќ, додека по еднаш погодија Мунас Дабур и Ермин Бичакчиќ.

Последен пат тимот на Минхен загуби во декември 2019 година. Тогаш Баерн загуби од Борусија Менхенгладбах со 1:2.

Екипата на Ханси Флик е на 6. место со 3 бода во поредокот во Бундеслигата. Хофенхајм е прв со максимални 6 бода.