Трамп може да остане на власт дури и ако не победи на изборите


ФАРИД ЗАКАРИЈА 

Со одбивањето да се посвети на мирен трансфер на власта, претседателот Трамп вознемири многумина кои стравуваат дека тој ќе одбие да ја напушти функцијата дури и ако ги загуби изборите во ноември – па дури може да прибегне и кон насилство. Застрашувачката реалност е дека постојат и неколку механизми кои се легални и уставни што можат да му овозможат на Трамп да остане на функцијата без да победи на изборите.

Системот на избор на претседател е комплициран бидејќи не беше дизајниран да биде директно демократски. Уставот повикува државите да изберат претседателски електори, кои потоа се собираат да гласаат за претседателот. Со текот на времето, државите донесоа закони кои обезбедија народниот глас за изборот на претседател да ги одреди електорите. Но, тоа се закони, а не уставна обврска.

Сега, замислете го сценариото за време на изборната недела: Трамп води на 3 ноември, но демократскиот кандидат Џо Бајден добива повеќе гласови во следните денови. Републиканците поднесуваат приговори за десетици илјади гласачки ливчиња по пошта. Демократите поднесуваат контра-тужби. Земајќи ја предвид конфузијата, законодавните тела одлучуваат самите да ги изберат електорите.

Еве ја загриженоста. Од деветте клуучни држави, осум имаат мнозинство од републиканците во законодавни тела. Ако едно или повеќе одлучат дека гласањето е хаотично и е нарушено со нерегуларности, тие би можеле да го испратат, како што сметаат, легитимниот список на електори, кој би бил републикански.

Демократите можат да се спротивстават и да покренат тужби. Во некои од тие држави, демократските гувернери или државни секретари можат да испраќаат свои списоци на електори во Вашингтон. Тоа ќе донесе дополнителна конфузија, но тоа може да биде дел од планот на републиканците. Кога Конгресот ќе се состане на 6 јануари за да ги изброи гласовите на електорите, ќе има предизвици за легитимноста на некои електори. Републиканците од Конгресот ќе се согласат дека спорните држави не треба да се бројат. Со тоа би се осигурило дека ниту еден од кандидатите нема да добие 270 електорски гласови.

Во тој момент, Уставот упатува Претставничкиот дом да гласа за утврдување на резултатите од претседателските избори. Но, тоа го прави со тоа што секоја држава ќе даде еден глас. Доколку се задржат сегашните бројки, би имало 26 државни делегации кои се републикански и 23 демократски (со една поделена), па резултатот би бил реизбор на Трамп. Трамп не треба да прави ништо друго освен да го прифати овој исход, кој е уставен.

Трамп јасно го разбира овој синџир на настани. Тој со месеци се сомнева во гласачките ливчиња по пошта, инсистирајќи на тоа дека резултатите мора да бидат оние што го рефлектираат гласот на изборите. Тој неделава рече дека без гласачки ливчиња по пошта, нема да има грижи за трансфер на власта, бидејќи едноставно ќе има продолжување на неговото владеење. Тој исто така призна дека „во одредена точка оди во Конгресот“.

За да се одигра ова сценарио републикански партии во државите треба да ја стават својата желба да победат над загриженоста што се слуша од многу страни. За жал, поновата историја сугерира дека повеќето лесно ќе ја направат оваа трговија.

Многу републикански партии во државите активно се обидуваа да ги потиснат резултатите од гласањето. Само неколку примери: Во 2011 година, Тексас донесе закон со кој се бара државна лична карта за гласање и дозволи лиценци за оружје, но не и студентски лични карти од државните универзитети. Наводно, ова требаше да спречи измама на гласачите, што повеќе студии покажаа дека во голема мера не постои. Во 2017 година, Џорџија донесе закон за блокирање на регистрација на гласачи со мали печатни грешки, што главно ги погоди црните гласачи. Во Флорида, републиканскиот гувернер и законодавниот дом ефикасно ја отфрлија државната иницијатива со која беа вратени правата на глас на повеќе од еден милион поранешни сторители на кривични дела, несразмерен дел од нив црнци.

Американската демократија се искривува, бидејќи Републиканската партија верува дека нејзиниот пат до власта не лежи во добивањето мнозинство гласови, туку преку други средства. Во 2018 година, благодарение на прераспределбата на изборните окрузи, републиканците во Висконсин, со освоени околу 45 проценти од гласовите, завршија со речиси 65 проценти од местата во државното собрание. Тие се навикнаа на ваква состојба на националната сцена. Од 1992 година, кандидатот за претседател од Републиканската партија го освои гласот на народот само еднаш – во 2004 година, понајтешкиот терористички напад во земјата и со воено „собирање околу знамето“. Како и да е, републиканците ја држеа Белата куќа речиси половина од овие 28 години.

САД се гордеат како водечка демократија во светот. А сепак, заради нејасен уставен процес и жестока партизација, овој ноември може да се појави демократска дисфункција, која би можела да биде ривал на секоја банана држава на планетата.

(Фарид Закарија е американски новинар и политички научник. Овој текст е објавен во „Вашингтон пост“)