Фатен крадец што украл злато вредно 700.000 денари


Нешто по полноќ, ноќеска полициски службеници од СВР Тетово на ул.„180“ во Тетово го фатиле И.Џ.(42) од Тетово, поради сомнение дека претходно вечерта, од 20.05 до 21.30 часот, влегол во станот на А.Џ.(40) од Тетово, без да ја оштети влезната врата, и одзел поголема количина златен накит, причинувајќи штета од околу 700.000 денари.

При преглед кај И.Џ. биле пронајдени одземените предмети, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.