Руската вакцина против Ковид-19 ќе биде регистрирана на 12 август


Руската вакцина против вирусот Ковид-19, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, изјави денеска заменик-министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев. – Во тек е последната, трета фаза од тестирањето. Тестирањето на вакцината е многу важно. Треба […]

ОН бара независна истрага за експлозијата во Бејрут


Канцеларијата на ООН за човекови права побара да се спроведе независна истрага за експлозијата во Бејрут и порача дека „мора да се слушнат повиците од жртвите за да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“. Портпаролот на Високиот комесар на ООН за човекови права, Руперт Колвил рече дека има потреба меѓународната заедница да ја засили […]

Промовирано шибенско-македонско пиво во чест на кардиохирурзите


Во Шибеник денеска е промовирано првото шибенско-македонско пиво „Herz”, како резултат на соработката, знаењето и искуството на искусните крафт мајстори на пивото од пиварите Pivovara 022 Ведран и Лука Шкугор од Шибеник и Pivovara HotchPoch Скопје / Загреб, Круме Ивановски и Димитрие Јовановски од Скопје. Тие произведоа пиво со хумана порака за подигањето на свеста […]

Се бараат цистерни со вода во Тетово во населбите кои трет ден се без вода, се уште се санираат дефектите


Населбата Блок 70 е една од најпогодените во Тетово каде во одредени станбени згради трет ден граѓаните воопшто немаат вода поради големите дефекти во мрежата и прекин во водоснабдувањето поради санација на цевководите. -Не може да се функционира нормално без вода, некои станови што се од погорните катови од зградите поради немање на хидрофор и […]

Отешево со ваучер – далеку од Европа


Втор на листата што нуди летување со ваучери што граѓаните ги добија како дел од мерките поради епидемијата од корона вирусот е автокампот „Европа“ во Отешево, но луѓето кои одлучија таму да го поминат летниот одмор годинава, длабоко се каат. Имено, семејство од Скопје, со две деца на училишна возраст веќе три дена престојуваат во […]

Народен правобранител: Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење


Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење, особено во почетокот на корона кризата, а притоа, најпогодени од состојбата се учениците, особено оние во руралните средини, учениците од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост. Ова се наведува во мислењето на Народниот правобранител до министерот за образование и наука Арбер Адеми, во врска […]

Одлуката за поскапување на струјата е избрзана, смета ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната […]

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски


Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф, соопшти Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. – Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да […]

Преку „Business Co-Matchmaking“ до партнерства со странски фирми


Македонски компании ќе имаат можност да воспостават нови деловни односи со странски партнери и во услови на корона преку виртуелната Б2Б платформа закажана за 25 август. Станува збор за настанот „Business Co-Matchmaking“ што го организира Европскиот бизнис центар „Ист Мармара“ (ABİGEM East Marmara), чиј национален партнер е Стопанска комора Македонија – Турција (МАТТО). Партнери се […]

Градоначалникот на Гази Баба донираше крвна плазма


  Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски утрово донираше крвна плазма на Институтот за трансфузиона медицина. Како што истакна тој, многу е среќен што ќе даде шанса за лекување на заболените од корона вирус. „Многу сум среќен што на Институтот за трансфузиона медицина го исполнувам ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, […]

Уште десетмина од Геронтолошкиот завод заразени со корона вирус


По направените тестирања во Геронтолошкиот завод во Скопје, бројката на пациенти заразени со коронавирус се искачи на 15. Според информациите на ТВ24, денеска резултатите покажале нови 10 позитивни. Потврда добивме од министерот Венко Филипче. „Се работи за асимптоматски случаи, ќе бидат изолирани во Заводот со кадар што ќе работи таму со нив“ – рече министерот […]

ДИК ги зголеми за 100 отсто надоместоците за членовите на избирачките одбори


Зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори на предвремените парламентарни избори за 100 отсто, едногласно изгласа Државната изборна комисија. Општинските изборни комисии, пак, ќе добијат за 20 проценти поголем надоместок поради успешното организирање на изборите. Причина за ваквата дарежливост е изложеноста на овие членови на можноста да се заразат од корона вирусот и успехот […]

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот


Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“. – Од досегашното искуство кое го имаме во Антикорупциската комисијата гледаме дека не […]

Пронајдена слаба точка на корона вирусот


  Научниците од Универзитетот во Канзас открија „слаба точка“ на вириусот САРС-КоВ-2. Поратлот „Сајен дејли“ пренесува дека стручњаците тстирале терапевтско средство против корона вирусот и откриле дека 3CLpro (C30 ендопептидаза) е основен ензим во развјот на вирусот САРС-КОВ-2. Корона вирусните 3CL протеази се јаки терапевтски мети, затоа што играат витална улога во репликација на вирусот. […]

Новинари се нудат да ја рушат дивоградбата кај „Мавровка“


Вчера повеќе новинари се пријавија да ја уриваат дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка. По повикот на поранешниот уредник на Телма, Дарко Чекеровски се пријавија и Огнен Чанчаревиќ, Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска. „Јас се пријавувам за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски. […]

Кипарските власти го пронајдоа и сослушаа сопственикот на бродот што го пренел амониум нитратот во Бејрут


По барање на Интерпол, кипарската полиција го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин, поранешен сопственик на бродската компанија, која во Бејрут пренела амониум нитрат, објавија медиумите од островот. Портпаролот на полицијата на Кипар, Христос Андреу за кипарската новинска агенција ЦНА рекол дека по комуникацијата со Интерпол во Либан и „во рамките на меѓународната полициска соработка […]

ТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода без отворање на ’рбетниот столб


На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат е извршена нова хируршка интервенција за перкутано поставување педикуларен шраф на торако-лумбален рбет без класичен пристап, односно без отворање на ’рбетниот столб, соопшти Министерството за здравство. Од Клиниката појаснуваат дека станува збор за воведување нова оперативна метода, која се […]

Закерберг влезе во клубот на богатите со над 100 милијарди долари


Нето вредноста на богатството на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг првпат надмина 100 милијарди долари, откако акциите  на социјалната мрежа се искачија за време на пандемијата на новиот коронавирус. Закерберг со такво огромно богатство им се придружи на сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос и ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чија нето вредност веќе надмина […]

Вработените во „Фејсбук“ ќе работат од дома до јули следната година


Компанијата „Фејсбук“ ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до јули 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролката на социјалната мрежа. Таа додаде дека „Фејсбук“ ќе им даде на вработените 1.000 долари за работни потреби од дома. Портпаролката на „Фејсбук“ наведува во соопштение дека компанијата се одлучила на овој потег врз […]

Бугарската полиција ги отстрани шаторите и уапси 12 демонстранти


Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот. Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА. Подоцна беа ослободени. Демонстрантите поставија […]