Новинари се нудат да ја рушат дивоградбата кај „Мавровка“


Вчера повеќе новинари се пријавија да ја уриваат дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка. По повикот на поранешниот уредник на Телма, Дарко Чекеровски се пријавија и Огнен Чанчаревиќ, Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска.

„Јас се пријавувам за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски.

„Затоа што фирма нема да се најде, по неговиот примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

Инвеститорот е се уште непознат за институциите. Предистражната постапка е во тек и се уште се разгледуваат информациите од Катастарот, за сопствеништвото на парцелите кај трговскиот центар „Мавровка“. Неофицијално се шпекулира дека зад објектот стои сопственик близок до ДУИ и веројатно се добива на време додека се формира владата.