Уште десетмина од Геронтолошкиот завод заразени со корона вирус


По направените тестирања во Геронтолошкиот завод во Скопје, бројката на пациенти заразени со коронавирус се искачи на 15.

Според информациите на ТВ24, денеска резултатите покажале нови 10 позитивни. Потврда добивме од министерот Венко Филипче.

„Се работи за асимптоматски случаи, ќе бидат изолирани во Заводот со кадар што ќе работи таму со нив“ – рече министерот Филипче.

Вчера ТВ 24 јави за петмина пациенти и тројца вработени во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје кои се позитивни на Ковид 19.

Пациентите кои се повозрасни и се лекувале таму пројавиле симптоми. Сите се пренесени на лекување на Инфективната клиника и во Ковид центарот во Козле.