Досега 2.249 граѓани побарале субвенции за инвертери, пари има за уште околу 3.000


Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираа од Град Скопје. Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што […]

Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија во кои ќе се прави брза дијагностика на Ковид-19


Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи […]

Трамп сакаше четири дебати со Бајден, изборната комисија не дозволи


  ВАШИНГТОН – Штабот на кампања за реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го загуби обидот да додаде четврта дебата со демократскиот предизвикувач Џо Бајден на почетокот на септември. Во отфрлање на барањето, Комисијата за претседателски дебати соопшти дека останува посветена на тековниот распоред на три 90-минутни дебати што започнуваат кон крајот на […]

Сен Лоран се враќа дома: Откупени 4000 славни парчиња од приватен колекционер


Франција – Сен Лоран и неговиот креативен директор, Ентони Вакарело, ја купија комплетната колекција на винтиџ облека на Сен Лоран, од дизајнерот Оливие Шатене, која се состои од 4.000 парчиња датирани од 1966 до 1985 година, за неоткриена сума. Направени претежно од парчиња ready-to-wear од линијата  Saint Laurent Rive Gauche, колекцијата вклучува палта, фустани, костуми, […]

Вонредни рестриктивни мерки на грчкиот остров Порос


Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19, а по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на грчкиот остров Порос од утрово се воведуваат вонредни рестриктивни мерки, што ќе бидат во сила во следните 10 дена, јави дописничката на МИА од Атина. За да се спречи дополнително ширење на коронавирусот на островот, […]

Хуан Карлос избегал во Абу Даби


Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос, престојува во ексклузивниот хотел „Емирати палас“ во Абу Даби откако ја напушти Шпанија со приватен авион во понеделникот, објави во петокот весникот „АБЦ“. Официјални претставници на Обединетите Арапски Емирати не беа веднаш достапни за коментар. Хотелот „Емирати палас“ не одговори веднаш на испратено барање за коментар по е-пошта. Откако […]

Оформени паровите за четвртфиналето од Лигата на Европа


По одигрувањето на натпревари од 1/8-финалето во Лига Европа, сите парови за 1/4-финалето на турнирот се веќе јасни. Вчера, Севиља, Баер (Леверкузен), Базел и Вулверхемптон се квалификуваа за оваа фаза од турнирот, придружувајќи се на Интер, Манчестер Јунајтед, Шахтјор (Доњецк) и Копенхаген. Како што е познато, до крајот на турнирот натпреварите ќе бидат на неутрален […]

(Видео) Хаос во Бејрут, народот излезе на улица по експлозијата


  По силната експлозија којаго погоди Бејрут и однесе најмалку 149 животи народот излезе на улица да протестира против властите. Демонстрантите се собраа пред парламентот каде полицајците повеќепати фрлаа солзавец за да ги растераат, пренесе Би-би-си. Незадоволството на граѓаните на главниот град на Либан се јави откако се дозна дека тешката експлозија е предизвикана од […]

Белград го продава „Сава центар“


Градот Белград го понуди Центарот „Сава“ на продажба по почетна цена од 27,4 милиони евра, објавија ссрпските меддиуми. Обврска на купувачот е да изврши градежни и занаетчиски работи за адаптација на објектот во рок од пет години, чија вкупна вредност не може да биде пониска од 50 милиони евра. Исто така, обврска е да не […]

Во Канада за една година 25.000 обиди за самоубиство


Канада-Во истражување објавено од канадскиот Институт за здравствени информации се вели дека во периодот од 2018 до 2019 година, 25.000 лица биле примени во болници поради обиди за самоубиство. Животот го загубиле околу 3.800 од нив, што е просечно нешто повеќе од 10 лица на ден, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека самоубиството е деветта водечка причина […]

Како можеме да примениме лекции од вториот бран на шпанскиот грип на Ковид-19?


Шпанскиот грип повторно се врати во јавната свест благодарение на Ковид-19, ставајќи крај на статусот – „заборавена пандемија“. Експертите потенцираат дека неславниот втор бран на овој грип од пред еден век беше многу различна болест од Ковид-19 – но исто така велат дека тоа обезбедува историски лекции за да се помогне да се соочат со […]

Во Индија над два милиона заразени со Ковид-19, во Мексико над 50.000 смртни случаи


Индија – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надминаа два милиона,соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа јужноазискиот гигант регистрираше 62.585 нови инфекции, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата е 2.027.074. Вкупно 886 пациенти починале за 24 часа, а бројот на жртвите сега е 41.585. Мексико соопшти за 6.590 нови инфекции […]

Заложничката драма во банката во Ле Авр заврши со апсење на осомничениот и без повредени


Франција –Заложничката драма што се случи во банката Бред  во Ле Авр- Нормандија заврши без повредени и со апсење на осомниченото лице за нападот, јави дописникот на МИА. Заложничката драма траеше скоро 6 часа. Имено едно вооружено лице влезе во банката, која се наоѓа во центарот на Л’Авр и зеде како заложници шест лица. Пет […]

Турски воени бродови се во борбена готовност крај брегот на Анталија


Турција – Потпишувањето на договорот меѓу Грција и Египет за обележување на нивните ексклузивни зони, за кои Анкара вели дека опфаќа регион на турскиот континентален гребен, ја налути Турција. Како одговор на тоа, Турција издаде Навтекс што се смета за предупредувачка нота во поморската пракса. Во Навтекс (навигациско соопштение за морска безбедност) објавен на веб-страницата на […]

Државната тужителка на Њујорк бара распуштање на Националната асоцијација за оружје


САД– Јавниот обвинител на американската сојузна држава Њујорк ја тужеше моќната Национална асоцијација за оружје (НРА), која се залага за вооружување на граѓаните и им помага во тоа. Тужителката бара затворање на НРА поради наводите дека високи лидери на контроверзната организација пренасочиле милиони долари од својот буџет во сопствени џебови за раскошни приватни патувања, непостоечки договори […]

Дожд


ЛЕЈЛА САБИТ Во Скопје, по сонце, доаѓа дожд, и по дожд, сонце. Како сестра и брат што многу се сакаат, а не сакаат да се видат. Од топло ладно, од ладно топло, во април беше лето, а во август е есен. Одморот од многу топол стана освежителен, краткото долго, тенкото дебело, а голото покриено. (Не) […]

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките


Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да […]

Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини


Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, […]

Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok“ и на „WeChat“


САД– Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои се забрануваат сите трансакции на американски лица со кинеските компании „ByteDance“ и „Tensent“, сопственици на апликациите „TikTok“ односно „WeChat“. Забраните влегуваат во сила по 45 дена. Во една наредба, Трамп нагласува дека апликацијата „ТiкТоk“ може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на […]

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер


Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. На места, особено попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има и невреме. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната д 23 до 30 степени. УВ ќе биде 6.  Во Скопје слично време со […]