Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok“ и на „WeChat“


САД– Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои се забрануваат сите трансакции на американски лица со кинеските компании „ByteDance“ и „Tensent“, сопственици на апликациите „TikTok“ односно „WeChat“.

Забраните влегуваат во сила по 45 дена.

Во една наредба, Трамп нагласува дека апликацијата „ТiкТоk“ може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на кинеската Комунистичка партија и дека САД „треба да преземат агресивно дејствување против сопствениците на „ТikТоk“ за да ја заштитат својата национална безбедност“.

Во другата, тој посочи дека „WeChat“ автоматски презема огромна количина информации од своите корисници. „Тоа собирање податоци е закана дека ќе и се даде на Кинеската комунистичка партија пристап до личните и приватни информации на Американци“.