Во Канада за една година 25.000 обиди за самоубиство


Канада-Во истражување објавено од канадскиот Институт за здравствени информации се вели дека во периодот од 2018 до 2019 година, 25.000 лица биле примени во болници поради обиди за самоубиство.

Животот го загубиле околу 3.800 од нив, што е просечно нешто повеќе од 10 лица на ден, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека самоубиството е деветта водечка причина за смрт во Канада.

Новите податоци покажуваат дека девојчињата и жените на возраст од 10 до 24 години имаат трипати поголема веројатност да се самоповредат отколку мажите на иста возраст.

Стапки на смртност од самоубиство биле највисоки кај мажи на возраст од 45 и повеќе години.

Истражувањето исто така покажа дека има двојно повеќе обиди за самоубиство кај луѓе со пониски приходи, во споредба со оние кои живеат со најголеми приходи.