Белград го продава „Сава центар“

Градот Белград го понуди Центарот „Сава“ на продажба по почетна цена од 27,4 милиони евра, објавија ссрпските меддиуми.

Обврска на купувачот е да изврши градежни и занаетчиски работи за адаптација на објектот во рок од пет години, чија вкупна вредност не може да биде пониска од 50 милиони евра.

Исто така, обврска е да не се менува намената на Центарот, односно да се задржи во функција на конгресниот туризам затоа што има статус на претходна заштита.

Продажбата се врши преку тендер, односно писмени понуди, кои се доставуваат до 21 август.

Депозитот за учество во оваа продажба е 2,7 милиони евра, што е 10 проценти од почетната цена.

Инаку, одделни медиуми во Србија пишуваат дека „Делта холдинг се уште е заинтересирана за купување на центарот Сава“.

„Делта холдинг беше учесник во сите три претходни повици и е сериозно заинтересиран затоа што Сава центар, најголемиот конгресен центар во земјава и околината, се вклопува амбиентално и просторно во работата на хотелот на компанијата, „Краун плаза, кој е поврзана со Центарот од пешачка патека и сочинува аамбиентална целина.