Хуан Карлос избегал во Абу Даби


Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос, престојува во ексклузивниот хотел „Емирати палас“ во Абу Даби откако ја напушти Шпанија со приватен авион во понеделникот, објави во петокот весникот „АБЦ“.

Официјални претставници на Обединетите Арапски Емирати не беа веднаш достапни за коментар. Хотелот „Емирати палас“ не одговори веднаш на испратено барање за коментар по е-пошта.

Откако беше обвинет за корупција, Хуан Карлос нагло ја објави својата одлука да ја напушти Шпанија во понеделникот, но нема официјална потврда за неговото место каде се наоѓа, со што започна меѓународна игра за погодување.

„АБЦ“ соопшти дека приватениот авион на патот од Париз до Абу Даби запрел во северозападниот шпански град Виго за да го собере Хуан Карлос, четворица телохранители и едно друго лице во понеделникот наутро.

По пристигнувањето на аеродромот „Ал Батин“ во Абу Даби, кралот и неговата придружба биле пренесени со хеликоптер во хотелот „Емирати палас“, во сопственост на владата, соопшти „АБЦ“.

Портпаролот на кралската палата изјави дека не знае каде е Хуан Карлос. Адвокатот на поранешниот крал веднаш не одговори на барањето за коментар.

Некои медиуми шпекулираа дека Хуан Карлос е во луксузно одморалиште во Доминиканската Република, а други го сместуваа во Португалија, каде поминал поголем дел од својата младост. Но, властите во обете држави рекоа дека немаат сознанија дека пристигнал таму.

Неговиот адвокат, кралската палата и владата одбија да кажат каде е. (Ројтерс)