Државната тужителка на Њујорк бара распуштање на Националната асоцијација за оружје

САД– Јавниот обвинител на американската сојузна држава Њујорк ја тужеше моќната Национална асоцијација за оружје (НРА), која се залага за вооружување на граѓаните и им помага во тоа.

Тужителката бара затворање на НРА поради наводите дека високи лидери на контроверзната организација пренасочиле милиони долари од својот буџет во сопствени џебови за раскошни приватни патувања, непостоечки договори со надворешни соработници, дури и со самите нив и други сомнителни бизниси.

Тужбата од јавниот правобранител Летиција Џејмс, поднесена во државниот суд во Менхетен по 18-месечна истрага, нагласува наводи за злоупотреба на пари и трошоци на функционери за самите себе, што влијае и на долгогодишниот и сегашниот лидер на НРА, Вејн Лапиер во последните години: од плаќање фризери и уметници за шминка за неговата сопруга, на договор што го склучил со себе за да се вработи за хонорар од 17 милиони долари.

Таа организација маше суфицит од околу 28 милиони долари во 2015 година и потоа дефицит од 36 милиони во 2018 година.

Обвинителката Џејмс, демократ, тврди дека истакнатата политичка и социјална позиција и пријатните политички односи со десницата ја вовлекле НРА во чувство на непобедливост и овозможиле култура во која рутински се кршат правила за непрофитна работа и закони. Дури и регулативите на НРА се игнорирани, рече таа.

– Влијанието на НРА беше толку моќно што организацијата помина без надзор со децении, додека високите лидери насочуваа милиони во своите џебови, рече Џејмс во изјавата во која ја објави судската постапка.

-НРА е полна со измами и злоупотреби, затоа ние денес сакаме да ја распуштиме НРА, затоа што ниту една организација не е над законот.

Тужителката се фокусираше на НРА откако нејзината канцеларија ја распушти добротворната фондација на претседателот Доналд Трамп минатата година и парично го казни со два милиона долари по тужба, дека тој користел донации наменети за хуманитарни цели за да го промовира сопствениот деловен и политички интерес.

Иако е со седиште во Вирџинија, НРА е регистрирана како непрофитна организација во Њујорк од 1871 година.