Закерберг влезе во клубот на богатите со над 100 милијарди долари

NEW YORK, NY - OCTOBER 25: Facebook CEO Mark Zuckerberg speaks about the new Facebook News feature at the Paley Center For Media on October 25, 2019 in New York City. Facebook News, which will appear in a new dedicated section on the Facebook app, will offer stories from a mix of publications, including The New York Times, The Wall Street Journal and The Washington Post, as well as other digital-only outlets.(Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Нето вредноста на богатството на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг првпат надмина 100 милијарди долари, откако акциите  на социјалната мрежа се искачија за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Закерберг со такво огромно богатство им се придружи на сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос и ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чија нето вредност веќе надмина 100 милијарди долари.

Тројцата се единствените луѓе на светот, чие богатство вреди најмалку 100 милијарди долари.

Информацијата за пораст на богатството на Закерберк беше објавена откако „Фејсбук“ ја лансираше „Инстаграм Рилс“, опција што многумина ја гледаат како конкуренција на Тик Ток.