Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски


Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф, соопшти Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз. Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори – вели Коневски.