Автобускиот превоз драстично намален, градскиот за 68,6 отсто, меѓуградскиот за 74,8 проценти


Во второто тримесечје од 2020 година автобуски превоз користеле вкупно 7.136.000 патници, што во однос на истиот период лани е намалување за 64,8 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68,6 отсто, во приградскиот за 56,7, во меѓуградскиот […]

Во БиХ 240 новозаразени со корона вирус, оздравеа 413


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 1.693 примероци, од кои 240 се позитивни. Во Федерацијата 169 се новозаразени, а во Република Српска 71. Во Федерацијата биле тестирани 1.271 примероци, од кои 169 се покажале позитивни, а досега тестирани се 104.163 примероци, при што регистрирани се 9.828 заразени. Оздравеле 6.436 пациенти, […]

Најголем пад на вработеноста во Германија од обединувањето


Германија во вториот квартал од годината забележа најголем пад на вработеноста, по обединувањето на двете Германии. Според Заводот за статистика, во вториот квартал во земјата биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста опаднала за 618.000 работни места или за 1,4 процент.

Лукашенко им додели медали на оние што ги тепаа демонстрантите


МИНСК – Александар Лукашенко, лидерот на Белорусија, во вторникот им додели медали „за беспрекорна услуга“ на службениците за спроведување на законот, кои му помогнаа да удри по демонстрантите кои бараат тој да се повлече во последните 10 дена. Во обид да ги сузбие штрајкувачките активности што ги погодија некои од најважните фабрики во земјата, владата […]

Иако позитивен на корона вирус, руски министер најавува присуство на средбата на ОПЕК плус


Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, ќе присуствува на утрешниот состанок на министрите на ОПЕК + и покрај позитивниот тест на коронавирус со кој се заразил додека патувал на рускиот далечен исток, соопшти денеска Министерството за енергетика. – Министерот се чувствува добро. Нема никакви симптоми, изјави портпаролката на Министерството, потврдувајќи дека Новак ќе присуствува на […]

Редици луѓе пред банките во Тетово за нови трансакциски сметки


Редици луѓе без растојание има пред сите банки во Тетово, претежно пензионери и други лица кои сакаат да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, за да може да добиваат плати, пензии, социјална помош или други примања. Пред самите банки може да се забележи дека само некои од нив имаат луѓе ангажирани од фирми […]

Наумовска: Учебната година може да почне и на 10 септември


– Почетокот (на учебната година) не мора да биде 15-ти, може да биде и 10 септември. Ако Собранието побрзо биде функционално и ги има формирано работните тела односно комисиите, и ако тие законски измени ги изгласаат, можеби и побргу да биде донесена конечната одлука кога да почне учебната година – вели заменик-министерката за образование Елизабета […]

Бобан Црничиќ нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“


Бобан Црничиќ е новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Назначувањето го направи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој завчера го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ. Како што информираа од Градот, новиот в.д. директор Бобан Црничиќ досега беше деловен асистент на Смаиловиќ.

Падна првата оставка во Белорусија


  Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешчења, кој пружи поддршка за протестите против Александар Лукашенко, соопшти дека поднесол оставка. Агенцијата АП пишува дека овој потег укажува на растечкото несогласување со официјалната политика во зенјата на високо ниво на власта. Белорускиот амбасадор во Словачка, Лешчења во интервју рече дека бил логичен потаг откако преку видео-снимка […]

Пендаровски: Без доверба во институциите, ја ризикуваме националната безбедност


Довербата на граѓаните во институциите се гради и заслужува само преку одговорна политика и бескомпромисна борба со оние што ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ. Ако не сме еднакви сите пред законот и ако политичката власт се користи за личното, а не за јавното добро, таквата држава нема перспектива, порача денеска претседателот […]

Заев до Армијата: Вие сте гаранти за регионалниот и светски мир


По повод Денот на Армијата, 18 август, претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани. – На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето […]

Мицкоски: Припадниците на АРМ се луѓето на чиј грб почива државноста


По повод Денот на Армијата – 18 Август претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски, упати честитка до сите припадници на вооружените сили и на сите граѓани. – Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден АРМ, вели Мицкоски во честитката. На денешен ден, посочува тој, […]

Шекеринска: Членството во НАТО не направи горди


Долг пат поминавме од местото каде што почнавме пред три години. Станавме триесетта членка на Алијансата, и дел од најмоќниот воено политички сојуз. Се опкруживме со сојузници кои ги споделуваат нашите вредности. Нашето знаме гордо беше подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Но, најважно од се, заедно со подигањето на нашето […]

ЕУ ќе воведува санкции против поединци во Белорусија


Европската унија ја разгледува можноста за воведување санкции против поединци во Белорусија поврзани со насилството и изборната измама, изјави денеска шпанската министерка за надворешни работи Аранка Гонзалез Лаја, најавувајќи дека лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за ситуацијата во Белорусија. Британските медиуми потсетуваат дека по неодамнешните претседателски избори во Белорусија, за кои многумина сметаат дека […]

На располагање 400 милиони евра – ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра (видео)


По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија. На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината […]

Финската премиерка Сана Марин се сомнева дека има корона вирус


Финската премиерка Сана Марин најави дека ќе направи тест за Ковид-19 заради лесни симптоми на болеста, пренесуваат британските медиуми. Марин на Твитер напиша дека има благи симптоми на респираторна инфекција, поради што има намера да направи тест за корона вирусот и да работи од дома. Финските власти, минатата недела за првпат препорачаа носење маски во […]

Охриѓанка загина од удар на мопед управуван од 17-годишник


Шеесет и осум годишна охриѓанка вчера загина, откако во неа удри мопед „Лонгија“ управуван од 17-годишник од Охрид. – На 17 август, во 20 часот било пријавено дека во Охрид на улица „Ристо Чадо“, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ. (68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена […]

Спасен повреден планински велосипедист на Баба


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, нивниот тим веднаш со помош на теренско возило се упатил кон местото викано „Антени“, а на повреденото лице му била пружена медицинска помош. Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување. Како што соопшти […]

Ѓурчиновски: Денот на Армијата првпат го славиме како полноправен член на НАТО


Денес го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, прва година како полноправна членка на НАТО на што сме особено горди. Членството во Алијансата е бенефит и привилегија на секое демократско општество. Но, кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со респектирање на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски, рече началникот на […]

„Маркс енд Спенсер“ укинува 7.000 работни места


Британскиот синџир продавници за облека „Маркс енд Спенсер“ (М&С) денеска соопшти оти има намера да укине 7.000 работни места наредниве три месеца. Целта е насочување кон тн. мешовит начин на продажба – дигитален и класичен, во времето по корона-пандемијата. Компанијата наведува дека отпуштањата ќе го опфатат главниот центар за поддршка, односно позициите во регионалното менаџирање […]