„Маркс енд Спенсер“ укинува 7.000 работни места


Британскиот синџир продавници за облека „Маркс енд Спенсер“ (М&С) денеска соопшти оти има намера да укине 7.000 работни места наредниве три месеца. Целта е насочување кон тн. мешовит начин на продажба – дигитален и класичен, во времето по корона-пандемијата.

Компанијата наведува дека отпуштањата ќе го опфатат главниот центар за поддршка, односно позициите во регионалното менаџирање на продавниците во Велика Британија.

Се очекува дека значаен процент од укинувањето на работните места, како што се истакнува, ќе биде реализиран со доброволни откази и предвремено пензионирање на дел од вработените.