Шекеринска: Членството во НАТО не направи горди

Долг пат поминавме од местото каде што почнавме пред три години. Станавме триесетта членка на Алијансата, и дел од најмоќниот воено политички сојуз. Се опкруживме со сојузници кои ги споделуваат нашите вредности. Нашето знаме гордо беше подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Но, најважно од се, заедно со подигањето на нашето знаме, се подигна и нашата гордост и главата на сите граѓани.

Ова денеска во Скопје по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 Август го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според министерката, со подигањето на нашето знаме во Брисел  првпат во историјата на нашата татковина успеавме да забележиме успех, кој како што рече, ја помести нашата држава напред и и ги отвори перспективите.

– Нашето знаме гордо беше подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, пред сојузничката команда за операции во Монс, пред сојузничката команда во Норфолк, како и во сите останати команди на НАТО Алијансата. Од зборови и надежи направивме резултат. Од прослави на кои НАТО знамето беше пример и симбол на нашите желби дојдовме во ситуација да го прославуваме денот на Армијата и знамето на НАТО да биде дел и симбол на нашата припадост и успех, рече Шекеринска.

Таа додаде дека нашите интереси се нашите вредности. Тие, како што појасни, ни се заеднички: демократија, индивидуални слободи и владеење на право. Шекеринска потенцира дека членство во НАТО не исправа пред нова одговорност, не само во земјава туку и во светот, однсоно одоговорност да бидеме таму каде што треба, рамо до рамо со нашите сојузници. – Да ги исполнуваме целите на НАТО за мир, демократија и соработка. Да помагаме на послабите, да учиме од помоќните и поразвиените, додаде Шекеринска.

– Ова не беше ниту едноставно ниту лесно. Како човек и граѓанин ме порази тоа што го видов и во Министерството за одбрана и во многу други важни ресори за НАТО Алијанса првпат кога бев избрана. Буџет под секое ниво, дотраена опрема, немотивирачка атмосфера, ниски и немотивирачки плати. Одземени дневници, нерамноправен третман, лоши услови за пензионирање. Пред себе видов неколку скалила кои требаше да ги искачиме пред да ја отклучиме вратата во НАТО. И почнавме скала по скала, рече таа.

Првото скалило, како што рече, беше зголемениот буџет, веќе два пати, второ скалило беше стратешкиот одбранбен преглед, третото се платите во Армијата за кои додаде дека во некои делови се дури и двојно зголемени.

Четвртото скалило беше новата лична опрема, петтото се нови инжинериски машини, следно скалило, појасни Шекеринска, беше договорот потпишан со САД за набавка на нови оклопни возила, а потоа реновирањето на касарните.

– Само во моментот се реновираат пет објекти. Осмото скалило беше носење на нов закон за одбрана и закон за служба, закони кои нема да ги дискриминираат, туку ќе ги поддржат припаднициуте на Армијата. Деветото скалило беше формирање на лесна пешадиска борбена група која деклариравме како единица за НАТО и качувајќи ги тие скалила успеавме да се искачиме до нашата цел, членство во НАТО, истакна министерката за одбрана.

Шекеринска им порача на сите припадници на Армијата, и поранешни и сегашни, да бидат горди, затоа што како што рече, во пишувањето на влезницата за НАТО тие имале клучна огромна улога.

– Нашата должност ја покажуваме и кон втората цел, членството во ЕУ. Со нашата прва иницијатива за учество во втора ЕУ мисија, продолжуваме да бидеме присутни и во Босна и во Либан. За десетина дена го почнуваме мандатот на земја домаќин на бригадата на југоисточна Европа, една од највидливите регионални иницијативи. Следните шест години Куманово ќе биде центарот на СЕЕБРИГ. Триесетина офицери од земјите членки на СЕЕБРИГ заедно со нивните семејства ќе претсојуваат во нашата земја и директно ќе помежеме да разменуваме знаења и искуства.

Ковид кризата, според Шекеринска, покажа и колкава е блискоста меѓу нашите војници, Армијата и граѓаните. Потенцира дека членки на НАТО први ни притекнале на помош за време на пандемијата.

– Бевме секаде каде што имаше потреба од Армијата. Во загрозените подрачја, пред карантините, вржевме транспорт, го чувавме редот, ја обезбедувавме границата и помагавме на полицијата дојдовем во поткрепа и на здравствените работници. И затоа добивме награда за оваа посветеност кон својот народ. Истражувањата покажуваат дека Армија ужива голема доверба кај граѓаните, додаде Шекеринска.