Во БиХ 240 новозаразени со корона вирус, оздравеа 413


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 1.693 примероци, од кои 240 се позитивни. Во Федерацијата 169 се новозаразени, а во Република Српска 71.

Во Федерацијата биле тестирани 1.271 примероци, од кои 169 се покажале позитивни, а досега тестирани се 104.163 примероци, при што регистрирани се 9.828 заразени.

Оздравеле 6.436 пациенти, а активни се 3.126.

Пријавени се сеудм смртни случаи во последните 24 часа, а вкупниот број е 266.

Во РС тестирани се 422 лица, од кои 71 се позитивни.

Пријавене еден смртен случај.
Од почетокот на пандемијата во РС потврдени се 6.257 случаи со корона вирус, а 213 починаа.