Финска ги суспендира летовите од Скопје до 29 август


Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период. Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство. Суспензијата […]

Велика Британија денеска ќе ја отстранува Хрватска од списокот на безбедни земји


Англија – Хрватска може да се отстрани од британскиот список на безбедни дестинации, откако во земјата се регистрирани случаи на увезен коронавирус од Хрватска, пишува „Гардијан“. Весникот наведува дека британската Влада најверојатно ќе ја отстрани Хрватска од списокот поради големото зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19. Доколку се донесе оваа мерка, секој што ќе влезе […]

Најубавата спортска ТВ-коментаторка Леота демантира дека е во врска со Ибрахимовиќ


Италија– Најпопуларната спортска ТВ-коментаторка во Италија, Дилета Леота, мораше да ги демантира вестите што некои од италијанските таблоиди ги објавија на насловните страници дека е во изненадувачка летна врска со ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ. Ибра и Дилета се сретнале за време на потполното затворње во Италија поради коронавирусот, каде што снимале заедничка реклама за […]

Сирија на Русите им отстапи дел од копното и морето за проширување на базата „Хмеим“


Сирија– Сириските власти се согласиле на Русија привремено да и  дадат на користење уште земјиште и крајбрежни води, со цел да ја прошират својата база „Хмеим“, пренесуваат британските медиуми. Денеска објавениот договор меѓу двете страни бил потпишан на 21 јули, а стапил во сила на 30 јули. Тој се однесува на копното и морето во […]

Усогласена новата Влада, приоритети ќе и бидат економијата, судските реформи, капиталните проекти, екологијата и здравството


Највисоките раководства на СДСМ и ДУМ синоќа на седници го поддржаа договрот за формирање ново парламентрано мнозинство и коалициска влада со четиригодишен мандат и ги утврдија кандидатите во владиниот кабинет, што ќе го предводи мандатарот Зоран Заев. Во новата влада наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку. Од редовите на СДСМ […]

УНИБанка има осигурување на целиот свој имот и средства, украдените средства од вчерашниот грабеж се сигурни


УНИБанка, во врска со вчерашниот вооружен грабеж кој се случи на крајот од работниот ден во експозитурата во Крушево, ја известува јавноста како и своите клиенти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените се безбедни и во добра состојба. Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на […]

„Поетска ноќ во Велестово“ во знакот на творештвото на Зоран Анчевски


Охридското село Велестово од вечерва повторно ќе пулсира во ритамот на поетскиот израз, во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ“ што по 32 пат ќе се одржува во тоа познато туристичко место на падините на Галичица на источниот брег на Охридското Езеро. Почетокот на манифестацијата традиционално се одбележува на средсело во Велестово со поетска вечер, оваа […]

Повеќе оздравени од заболени пациенти со Ковид-19, Комисијата бара задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово


Минатата недела се регистирани повеќе оздравени пациенти од Ковид-19, отколку нови позитивни случаи. Се намалува и бројот на смртни случаи, а бројот на тестирања бележи тренд на зголемување. Според Институтот за јавно здравје, од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања што е повеќе за 2 062 или 17,8 проценти споредено со претходната […]

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со […]

Заев уште во 2019 знаел за Еуростандард банка, вели банкарскиот систем е стабилен


Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев, како поранешен премиер бил запознат со состојбите во Еуростандард банка уште во 2019 година. Ова тој го соопшти вечерва по седницата на Централниот одбор на партијата на која беше дадено зелено светло за кандидатите за министри од редот на СДСМ. Без оглед на […]

Нема да има врзани потписи во владата, вели Заев


„На владата ѝ требаше освежување“, го објасни Заев заминувањето на петмина министри на СДСМ од досегашниот состав    СДСМ и ДУИ ги усогласуваат своите изборни програми во една заедничка владина програма која ќе биде наскоро презентирана, но новата влада нема да функционира како кабинет со врзани потписи, изјави мандатарот Зоран Заев на прес-конференција по вечерашнава […]

Баерн му се приклучи на ПСЖ во финалето на ЛШ


Баерн Минхен ќе игра по 11-ти пат во својата историја во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи тимот на Лион со 3:0 на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон. Французите направија неколку пропуст пред голот на Мануел Нојер и, како што честопати се случува, ќе треба да жалат после тоа. Гнабри му донесе предност […]

(Видео) Изјава на Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор


Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил додека во скопскиот хотел се уште трае седницата на Централниот одбор на партијата. – Пред Централниот одбор ги презентирам […]

Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата


Генералниот секретар на СДСМ пред малку на Фејсбук самиот објави дека бил предложен за вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. „Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки […]

(Видео) Урнебесна црногорска реклама за заштита од Ковид-19


Промотивно видео кое укажува на важноста од превентивните мерки во борбата против корона вирусот, стана хит на социјалните мрежи. Мајка и татко на девојка разговараат за новото момче на ќерката… За другото, погледнете во видеото.

Рекорден број на инфекции Шпанија, Франција и Италија по олабавувањето на мерките


Француското Министерство за здравство во средата објави 3.776 нови потврдени инфекции со корона вирусот, со што вкупниот број достигна 225.043, при што дневниот извештај го надмина прагот од 3.000 по трет пат во пет дена. Седумдневниот просек на случаите сега е на 2.621, надминувајќи го прагот од 2.500 за прв пат од 19 април, кога […]

Меркел: Лукашенко треба да биде дел од дијалогот во Белорусија


Претседателот Лукашенко им наредил на полициските сили да ги спречат сите обиди за организирање нови протести додека ЕУ на вонредниот самит најави нови санкции и не ги призна резултатите од изборите   Александар Лукашенко треба да биде дел од разговорите за политички договор во Белорусија, изјави во средата германската канцеларка Ангела Меркел. Говорејќи пред новинарите […]

Нов негативен рекорд на заразени од Ковид -19 во Албанија


Со зголемниот број на извршени тестови во изминатите 24 часа во Албанија е регистриран раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19. – Од направените 864 тестови на сомнителни случаи, новиот коронавирус  е дијагностиран кај 158 лица што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде […]

ДУИ ги соопшти министрите: Османи во МНР, Бесими во финансии, Груби вицепремиер, Нуредини и Бектеши на старите места


Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе го води Министерството за финансии, Насер Нуредини и Крешник Бектеши ги задржуваат ресорите што до сега ги водеа – министерствата за животна средина и за економија, vo министерството за политички систем и вицепремиер ќе биде Артан Груби, додека дополнително ќе биде одлучено кој ќе […]

Изненадувања на министерската листа: Бојан Маричиќ во Правда, Јагода Шахпаска во Труд и социјала, Благој Бочварски во Транспорт и врски…


По седницата на Извршниот одбор на СДСМ во јавноста стигнаа некои предлози за министри кои досега не се споменуваа, па се и своевидно изненадување од најголемата владејачка партија. Според информациите кои не се уште официјализирани (за нив вечерва треба да расправа Централниот одбор на партијата)  многу важното место за владеењето на правото – Министерството за […]