УНИБанка има осигурување на целиот свој имот и средства, украдените средства од вчерашниот грабеж се сигурни

УНИБанка, во врска со вчерашниот вооружен грабеж кој се случи на крајот од работниот ден во експозитурата во Крушево, ја известува јавноста како и своите клиенти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените се безбедни и во добра состојба.

Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.

Банката превзема дополнителни мерки за зголемување на нивото на сигурност во сите свои експозитури.