Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата


Генералниот секретар на СДСМ пред малку на Фејсбук самиот објави дека бил предложен за вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

„Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре“, напиша Николовски.